Тажната љубовна приказна на ќерката на Султан Сулејман и Хурем – Човекот што го сакала морал да ја гледа како се мажи за друг
Хурем го натерала Сулејман да го сослуша барањето на младиот архитект кој бил вљубен во нивната ќерка, но владетелот одлучил таа да склопи политички брак со владетел. Архитектот во име на љубовта кон младата принцеза ќе изгради една од најубавите џамии во Истанбул.
Султанот Сулејман бил пресреќен кога по толку многу синови, Хурем му подарила ќерка. Веднаш одлучиле младата султанка да го носи името Михримах, што значи Сонце и Месечина, а било избрано од страна на мајката на Султанот.
За младата принцеза, која била единствена ќерка на Сулејман Величествениот денес се врзуваат голем број легенди, а една од нив е и онаа за нејзината забранета љубов со познатиот турски архитект Мимар Синан.
Во продолжение проследете ја нивната тажна љубовна приказна:
По походот на Турција над Унгарија, Мимар и Михримах се сретнале во кралскиот двор. Младиот архитект во тој период уживал голем углед на дворот затоа што со многу голема брзина и способност успеал да го изгради мостот на реката Прут.
Михримах од него побарала тој да ја изгради џамијата на Ускудар, на азискиот дел од Истанбул, а младиот архитект кој бил вљубен во убавата султанка веднаш почнал да ја исполнува нејзината желба.
Се смета дека оваа џамија и до ден денес е една од најубавите џамии во Истанбул, во која Мимар ја отсликал својата љубов и своите емоции за младата принцеза.
Во периодот кога бил во Бурса каде ги контролирал градежните работи, архитектот собрал храброст и застанал пред Султанот со желба да му дозволи да се ожени за неговата ќерка.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





