Во брак е со втор братучед, вработени ја тужат дека им должи плати – Факти за сестрата на емирот од Катар, Ал Мајаса бин Хамад

Омажена е за втор братучед со кого има пет деца. Туторот кој требало да ги подучува нејзините деца се жали дека го терале да работи по 90 часа неделно, а кога побарал прекувремената работа да му се плати, добил отказ – Факти за сестрата на емирот од Катар, Ал Мајаса бин Хамад ал Тани.

vo-brak-e-so-vtor-bratuched-vraboteni-ja-tuzhat-deka-im-dolzhi-plati-fakti-za-sestrata-na-emirot-od-katar-al-majasa-bin-hamad-01.jpg

Шеика Ал Мајаса бин Хамад бин Калифа ал Тани (39) е ќерка на поранешниот емир Хамад бин Калифа Ал Тани и неговата втора сопруга Моза бин Насер, која важи за една од најелегантните жени во светот.

Ал Мајаса е сестра на сегашниот емир од Катар, а честопати се наоѓа на листата на Forbes меѓу 100-те највлијатечни жени во светот.

Таа е претседател на катарските музеи, а во приватниот живот е страстен колекционер на уметнички дела.

vo-brak-e-so-vtor-bratuched-vraboteni-ja-tuzhat-deka-im-dolzhi-plati-fakti-za-sestrata-na-emirot-od-katar-al-majasa-bin-hamad-07.jpg

Се верува дека во 2015-та година таа дала рекордни 300 милиони долари за да го купи делото на Пол Гоген „Кога е свадбата?“, а била вплеткана и во скандали кога поранешни вработени ја тужеле за суровите услови за работење што им ги наметнувала.

vo-brak-e-so-vtor-bratuched-vraboteni-ja-tuzhat-deka-im-dolzhi-plati-fakti-za-sestrata-na-emirot-od-katar-al-majasa-bin-hamad-06.jpg

Ал Мајаса во 2005-та година дипломирала на универзитетот Duke во САД, каде се стекнала со образование на политичките науки и литературата, а се знае дека една година студирала политички науки и во Париз.

vo-brak-e-so-vtor-bratuched-vraboteni-ja-tuzhat-deka-im-dolzhi-plati-fakti-za-sestrata-na-emirot-od-katar-al-majasa-bin-hamad-02.jpg

Во 2006-та година таа стапила во брак со вториот братучед Шеикот Јасим бин Абдулазис Ал Тани и заедно имаат четири сина и една ќерка.

vo-brak-e-so-vtor-bratuched-vraboteni-ja-tuzhat-deka-im-dolzhi-plati-fakti-za-sestrata-na-emirot-od-katar-al-majasa-bin-hamad-03.jpg

Освен што важи за една од најмоќните жени во светот на уметноста, во периодот додека студирала, Ал Мајаса работела и како асистентка во продуцентската куќа на Роберт Де Ниро, Tribeca, каде се стекнала со основното знаење што ѝ било потребно за во 2009-та година да започне да го организира филмскиот фестивал Doha Tribeca, а го основала и филмскиот институт во Доха.

vo-brak-e-so-vtor-bratuched-vraboteni-ja-tuzhat-deka-im-dolzhi-plati-fakti-za-sestrata-na-emirot-od-katar-al-majasa-bin-hamad-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg