Купил црква во која ќе живее по пензионирањето, има остров за лов - Како Златан Ибрахимовиќ ги троши парите?
Во моментов Златан игра за ФК Милан и во Милано има сопствен дом, но во периодот кога играше за Манчестер Јунајтед во Англија, тој не сакал да купи куќа, па наместо тоа секој месец плаќал кирија од 38.000 долари за палатата во која живеел.
Во 2009-та година шведската репрезентација побарала од него да им потпише дрес со цел да го продадат на аукција за да обезбедат средства за учество на фудбалерите на Светското првенство во Бразил. Не само што го потпишал дресот, Златан во целост го платил патувањето на неговиот тим од сопствен џеб.
Во 2015-та година Златан купил црква во Стокхолм, Шведска. Тој платил 11 милиони долари за имотот што потоа го реновира и не крие дека сака да живее таму откако ќе се пензионира.
Ако познатите личности купуваат острови на Карибите, каде може да побегнат и да се сончаат, Златан одлучи да си купи остров во Шведска.
Островот Давенсо се наоѓа во средината на езерото Маларен во близина на Стокхолм. Нема многу информации за неговата цена, но се верува дека местото е мошне погодно за лов.
Во март 2018-та година кога потпишал за тимот на LA Galaxy во САД , тоа го најавил на свој начин. Ја откупил последната страна на Los Angeles Times на која пишувало: „Драг Лос Анџелес, нема на што“.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Го обвини за силување, па се премисли: Факти за бракот (и скапиот развод) на Доналд и Ивана Трамп
Се разведоа бидејќи Доналд имаше афера, а по бурниот развод кој траеше две годин...

Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад
Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавио...

8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга
Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...

Родена е во Шпанија, ја мрази скиентолошката црква – Факти за градоначалничката на Париз
„Јас сум функционер избран од народот, а не модел“, изјави Ен Идалго, градоначал...

Трогателни цитати кои ќе ве потсетат дека не сте сами во вашата тага
„Колективната болка нè потсетува дека не сме сами и дека нашето скршено срце е п...

8 (научни) факти кои звучат како измислени
Синиот кит е најголемиот цицач на планетата и јасно дека му требаат многу калори...