На 8 години станал дел од српската војска, на 12 бил ранет - приказната за Момчило Гавриќ, најмалиот војник во Првата светска војна

Момчило Гавриќ од Србија имал едвај осум години кога останал без родители и се вклучил во редовите на српската војска. До 12 години, тој учествувал во неколку битки во Првата светска војна, бил ранет и станал најмладиот поднаредник во светот.

na-8-godini-stanal-del-od-srpskata-vojska-bil-ranet-vo-prvata-svetska-vojna-prikaznata-za-momchilo-gavrikj-najmladiot-podnarednik-vo-svetot-01.jpg

Момчило Гавриќ од Србија бил најмладиот војник кој учествувал во Првата светска војна – кога станал дел од српската војска, тој имал едвај осум години.

Според РТС, на 11 години тој станал поднаредник (подофицер во понизок ранг од наредник), а со тоа и најмладата личност во светот со оваа титула.

Момчило бил роден во 1906 година, во селото Трбушница во западниот дел на Србија. Неговиот татко Алимпија и неговата мајка Јелена имале 11 деца, а Момчило бил осмото.

Во 1914 година, австроунгарските војници ги убиле неговите родители, неговите браќа и сестри, како и неговата баба, а на крај ја запалиле и нивната куќа.

na-8-godini-stanal-del-od-srpskata-vojska-bil-ranet-vo-prvata-svetska-vojna-prikaznata-za-momchilo-gavrikj-najmladiot-podnarednik-vo-svetot-07.jpgМомчило во 1914 година

Според Wikipedia, Момчило го преживеал масакрот на неговото семејство само затоа што не бил дома – татко му го испратил кај неговиот чичко. Покрај Момчило, преживеале и уште тројца од неговите браќа.

Не знаејќи што друго да прави, 8-годишниот Момчило тргнал да ја бара дивизијата од српската војска која тој период била лоцирана во близина на неговото село.

На војниците и на командантот им раскажал што се случило, па тие решиле да го прифатат во нивните редови и да го направат војник.

Војниците оддале и почит на неговото убиено семејство.

na-8-godini-stanal-del-od-srpskata-vojska-bil-ranet-vo-prvata-svetska-vojna-prikaznata-za-momchilo-gavrikj-najmladiot-podnarednik-vo-svetot-08.jpgМомчило во 1916 година

Според изворите, командантот му дозволил да пука со топ кон австроунгарските војници со цел да се одмазди за смртта на семејството.

На само осум години, Момчило учествувал и во Церската битка – воен судир помеѓу Австроунгарија и Србија – а потоа го добил воениот чин каплар.

na-8-godini-stanal-del-od-srpskata-vojska-bil-ranet-vo-prvata-svetska-vojna-prikaznata-za-momchilo-gavrikj-najmladiot-podnarednik-vo-svetot-06.jpgМомчило и други српски војници

Според историчарот Горан Вилиќ, до 10-годишна возраст Момчило учествувал во неколку битки и „го издржал она што ниту еден друг 10-годишник не би го издржал“.

„Малиот Момчило со неговата пушка пеш ја преминал Албанија и стигнал до Крф“, вели историчарот за веб-сајтот Политика.

Момчило учествувал и во пробивањето на Солунскиот фронт, а овде бил и ранет. Поради неговите подвизи, 12 години младото момче го добило чинот поднаредник.

na-8-godini-stanal-del-od-srpskata-vojska-bil-ranet-vo-prvata-svetska-vojna-prikaznata-za-momchilo-gavrikj-najmladiot-podnarednik-vo-svetot-05.jpgМомчило со повредена рака во 1918 година

Додека чекал да го вратат назад во Србија, малиот Момчило ја искористил можноста да се описмени, а по завршетокот на војната успеал да заврши и гимназија во Англија.

Во 1921 година тој повторно се вратил во Србија и се сретнал со тројцата браќа кои го преживеале убиството на семејството во 1914 година.

na-8-godini-stanal-del-od-srpskata-vojska-bil-ranet-vo-prvata-svetska-vojna-prikaznata-za-momchilo-gavrikj-najmladiot-podnarednik-vo-svetot-04.jpgМомчило во 1921 година

Според синот на Момчило, Бранислав, во 1929 година тој имал судир со законот. Имено, Момчило бил на возраст кога требало да служи војска. Но, тој изјавил дека веќе служел војска додека траела Првата светска војна, а споделил и дека бил ранет.

Но, бил присилен да потпише изјава дека лаже, поради што поминал два месеца во затвор.

Потоа отишол во Белград, положил за автомобил и го изучил графичкиот дизајн. Си нашол и работа во фабрика за хартија, а овде ја запознал сопругата Косара.

na-8-godini-stanal-del-od-srpskata-vojska-bil-ranet-vo-prvata-svetska-vojna-prikaznata-za-momchilo-gavrikj-najmladiot-podnarednik-vo-svetot-02.jpgМомчило и сопругата Косара

Според синот Бранислав, за време на Втората светска војна, Момчило двапати бил заробен од Германците. По војната, пак, бил уапсен поради расистички изјави против Албанија.

Остатокот од животот на Момчило бил релативно мирен. Тој починал во Белград, во 1993 година. Во 2015 година, српските власти одлучија да подигнат споменик во Белград во негова чест.

na-8-godini-stanal-del-od-srpskata-vojska-bil-ranet-vo-prvata-svetska-vojna-prikaznata-za-momchilo-gavrikj-najmladiot-podnarednik-vo-svetot-03.jpg

Спирова С. | Црнобело / фото: Wikipedia

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg