Очилата на серискиот убиец Џефри Дамер се продаваат за 150.000 долари – зошто неговите лични предмети се продаваат за астрономски суми?
Од фотографии од детството, даночни формулари, психолошки извештаи, па сѐ до личната Библија, очилата за гледање, писма што му ги испраќале, урната каде му биле чувани кремираните остатоци, и многу други предмети, Џефри Дамер повторно е во центарот на вниманието кога една веб страница почна да ги продава сите негови предмети.
И сета оваа сензационализација благодарение на успешноста на Нетфликс серијата за неговиот живот со наслов Дамер – Чудовиште: Приказната за Џефри Дамер.
Беше голем шок за сите кога онлајн продавницата која специјализира за реквизити за убиства Cult Collectibles, изрази голем интерес да профитира од огромниот излив на интерес после успехот на серијата, со тоа што ги стави на продажба очилата на Џефри Дамер што ги носел во затвор, и тоа за астрономски 150.000 долари.
Очилата кои Дамер ги носел во затвор беа регистрирани од страна на колекционерот Тејлор Џејмс, кој е сопственик на гореспоменатата веб-страница.
Џејмс наводно ги набавил очилата како и голем број други предмети кои биле во претходна сопственост на Дамер, откако го контактирала домашната помошничка на таткото на Дамер.
„Ова е веројатно најретката работа, најскапата работа, можеби најнеобичната работа што некогаш ќе се најде на Cult Collectibles,” кажа тој во своето видео на Јутјуб.
https://www.youtube.com/watch?v=-4V6Vwjfqf8&ab_channel=JakeWebber
Како што дознаваме од многуте документарни филмови, книги, а најново, и од Нетфликс серијата, Џефри Дамер убил 17 момчиња и млади мажи помеѓу 1978 и 1991 година, главно во Милвоки, Висконсин.
Жртвите на Дамер биле воглавно мажи со темна боја на кожа, Азијци или латино мажи. Многумина од нив биле хомосексуалци на возраст од 14 до 32 години.
Кога Дамер беше уапсен во 1991 година, тој признал дека ги мачел своите жртви, ги сочувал нивните останки, па дури и канибализирал некои од нив.
Иако Дамер беше осуден на 15 доживотни казни плус 70 години, неговото време во затвор беше краткотрајно.
Тоа е затоа што на 28 ноември 1994 година, осудениот убиец по име Кристофер Скарвер го убил Дамер претепувајќи го до смрт со метална шипка во затворската бања.
И токму затоа овие очила се толку скапоцени; бидејќи ги носел истиот тој ден, кога и починал.
На веб страницата се појави и друг предмет по астрономска цена: урната во која му биле кремираните остатоци. Овој предмет се продава за 250.000 долари.
https://www.youtube.com/watch?v=J2Ts686z0eY&ab_channel=JakeWebber
Очилата на Џефри Дамер не се единственото нешто кое Џејмс го продава. Тој исто така нуди на продажба предмети како фотографијата на Дамер од петто одделение (3.500 долари), неговите даночни формулари од 1989 година (3.500 долари) и неговиот психолошки извештај (2.000 долари).
Потпишаната Библија на Дамер што тој ја користел во затвор е веќе продадена за 13.950 долари.
Иако очилата на Дамер не се прикажани на веб-страницата на Cult Collectibles со другите артикли на Дамер, Џејмс планира да преговара со заинтересираните купувачи приватно.
Сакале или не, колку и да звучи бизарно, опсесијата со Џефри Дамер и неговите ужасни злосторства постои.
К. А. | Црнобело