Може да плаче, реагира на вкусови – Што се случува со бебето додека е во стомакот на мајката?
Срцето почнува да чука околу 5-тата недела
До петтата недела од бременоста почнува да чука срцето на бебето, а до десеттата е целосно развиено.
Сепак, според Medical News Today, бебето е уште многу мало за да може да се забележи пулсот со снимка со ултразвук.
Пулсот на бебето се менува додека тоа се развива во стомакот, а во просек изнесува од 110 до 160 удари во минута.
Бебињата се проѕеваат, плачат и уринираат додека се во стомакот на мајката
Ако сте бремени или имате деца, веројатно знаете дека бебињата се проѕеваат додека се во стомакот на мајката.
Интересно е што тие не се проѕеваат бидејќи се сонливи - експертите веруваат дека проѕевањето е поврзано со развојот на нивниот мозок.
Бебето почнува да се проѕева околу 24-тата недела од бременоста, а по 28-мата, проѕевањето значително се намалува.
Бебињата можат да прават и други работи додека се во стомакот.
На пример, истражување од 2005 година спроведено во Нов Зеланд покажало дека бебињата можат да плачат додека се во стомакот на мајката.
Истражувачите утврдиле дека бебињата можат да почнат да плачат околу 24-тата недела во бременоста. Секако, ова плачење многу се разликува од плачењето на родените бебиња.
Плачењето не може да се слушне и експертите сметаат дека ова е повеќе како „вежба“ – додека е во стомакот, бебето ги вежба начинот на дишење и изразите на лицето поврзани со плачењето.
Експертите веруваат дека на овој начин бебето ја развива способноста да реагира на негативни стимули која ќе му биде од голема корист кога ќе се роди.
Уринирањето, пак, почнува околу 13-тата и 16-тата недела од бременоста, кога бубрезите се целосно оформени.
Плацентата помага во отстранувањето на поголемиот дел од урината на бебето. Во плодовата течност може да остане мало количество, но ова не е воопшто опасно за бебето.
Се раѓаат со дупло повеќе коски од возрасна личност
Бебињата се раѓаат со околу 300 коски.
Со текот на времето, дел од овие коски ќе се спојат едни со други и ќе формираат скелет со 206 коски што го имаат возрасните.
Исто така, дел од коските на бебето се меки и флексибилни, а се стврднуваат со текот на времето.
Гласната врева може да го оштети звукот на бебето во стомакот
До 18-тата недела од бременоста, бебето веќе може да слушне некои звуци. До 24-тата, неговите уши се многу поразвиени и продолжуваат да се развиваат додека да се роди.
Ова значи дека бебињата многу добро можат да слушнат звуци однадвор.
Па, логично е дека многу гласните звуци можат да имаат негативно влијание врз нивниот слух.
Истовремено, многу гласните звуци можат да предизвикаат и стрес кај бебето.
Спирова С. | Црнобело