Може да плаче, реагира на вкусови – Што се случува со бебето додека е во стомакот на мајката?

Знаевте ли дека додека се во стомакот, бебињата реагираат на вкусот на храната што ја јадат нивните мајки, односно прават гримаси како смеење и муртење?

mozhe-da-plache-reagira-na-vkusovi-shto-se-sluchuva-so-bebeto-dodeka-e-vo-stomakot-na-majkata-01.jpg

Бременоста е еден од најфасцинантните, но и најкомплицираните биолошки процеси.

Во период од само девет месеци (кај луѓето) во стомакот на жените се формира цело човечко суштество.

Уште поинтересно е што додека е во стомакот на мајката, бебето може да реагира на звуци, па дури и вкусови.

Неколку забавни факти кои покажуваат што се случува со бебето додека е во стомакот на мајката:

Бебињата имаат сетило за вкус додека се во стомакот

Првите сетила за вкус почнуваат да се развиваат околу осмата недела од бременоста.

Додека се во стомакот, бебињата секој ден голтаат дел од плодовата течност во матката, а во неа може да има одредени вкусови од храната што ја јаде мајката.

Поради ова, постои верување дека децата неретко имаат ист вкус за одредени јадења како и нивните мајки.

Сепак, храната што јадела нивната мајка во бременоста е првата што ја вкусиле и логично е да им се допаѓа откако ќе се родат.

mozhe-da-plache-reagira-na-vkusovi-shto-se-sluchuva-so-bebeto-dodeka-e-vo-stomakot-na-majkata-03.jpg

Бебињата во стомакот реагираат на храната што ја јадат мајките

Истражување од 2022 година покажало дека додека се во стомакот, бебињата реагираат на храната што ја јадат нивните мајки, односно на нејзиниот вкус.

Во истражувањето учествувале жени кои биле помеѓу 32 и 36 недела од бременоста кои пиеле капсули со одредени вкусови.

Целта на истражувачите била да откријат дали бебињата реагираат на овие вкусови додека се во стомакот. Тие ги следеле гримасите што ги прават бебињата додека мајките ги консумирале капсулите.

Резултатите покажале дека на бебињата најмногу им се допаднал вкусот на морков – повеќето од нив имале гримаса како да се смеат.

Од друга страна, повеќето бебиња правеле гримаси како муртење кога биле изложени на вкусот на кељ.

mozhe-da-plache-reagira-na-vkusovi-shto-se-sluchuva-so-bebeto-dodeka-e-vo-stomakot-na-majkata-02.jpg

Додека се во стомакот, бебињата имаат повеќе влакна

Фоликулите почнуваат да се формираат до 14-тата недела од бременоста.

Околу 20-тата недела, од фоликулите почнуваат да растат мали влакна во областа на веѓите, горната усна и брадата.

Околу две недели подоцна, вакви влакна се појавуваат на рамената, ушите и челото.

Овие влакна ја штитат кожата на бебињата и најчесто паѓаат пред детето да се роди.

Во случај детето да е родено предвреме, може уште да има дел од овие влакна на телото, кои паѓаат подоцна.

mozhe-da-plache-reagira-na-vkusovi-shto-se-sluchuva-so-bebeto-dodeka-e-vo-stomakot-na-majkata-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
10 цитати за сите вљубеници во Италија „Се гушам ако еднаш годишно не дишам италијански воздух“… Се чувствувате ли и ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg