Не пијат вода 12 часа пред ревија и уште 9 факти кои откриваат како е да бидете супермодел

Знаевте ли дека и плус-сајз моделите имаат строг режим на исхрана? Тие не смеат да ослабат за да не ја изгубат „титулата“ плус-сајз, но не смеат ни да се здебелат и мораат постојано да ја одржуваат истата килажа.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-001.jpg

Кај јавноста преовладува мислење дека работата на моделите и манекенките е само да изгледаат убаво и да позираат пред фотограф или да прошетаат на модната писта.

Иако ова можеби се нивните главни обврски, за моделите не е воопшто лесно да се подготват за фотосесија или модна ревија. Уште потешко, пак, е да се истакнат во модната индустрија помеѓу илјадници други девојки со исти соништа.

Неколку факти што покажуваат како навистина изгледа работата на моделите:

Кога се на аудиции, не одат ни во тоалет

За да се прослават, моделите кои не потекнуваат од моќни семејства (како Кендал Џенер) мораат да одат на аудиции. А, овие аудиции можат да бидат вистински пекол.

Покрај тоа што жири-комисијата им дава секакви забелешки за изгледот, тие не смеат да мрднат од редицата во којашто чекаат.

Чекањето може да трае цел ден, и ако некоја девојка се тргне од редицата, постои голема веројатност потоа да не може да се врати на своето место и воопшто да не дојде на ред.

Истовремено, постојат гласини според кои девојките кои чекаат ред за аудиција можат да бидат сурови едни кон други, а ова дополнително го отежнува целиот процес.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-02.jpg

Не носат долна облека на модната писта

Креациите што ги носат моделите треба да изгледаат совршено на нивните тела.

Поради ова, тие неретко не носат долна облека која може да се познава под панталоните, фустанот или здолништето.

Исто така, овој трик им заштедува и време – некогаш мораат да облечат неколку креации за иста ревија, па наместо да менуваат соодветна долна облека за секоја, воопшто не носат.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-03.jpg

Мораат да го скријат конецот од тампонот кога се на ревија

Бидејќи најчесто не носат долна облека, манекенките и моделите преферираат тампони ако имаат менструација за време на фотосесија или модна ревија.

Но, ако треба да носат долна облека или многу кратко здолниште, неретко го сечат конецот од тампонот за да се осигурат дека нема воопшто да се познава.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-04.jpg

На ревиите за долна облека носат и по два пара гаќи

Ако треба да носат долна облека која е и малку проѕирна, одоздола моделите носат уште еден пар гаќи со неутрална боја за да ги скријат интимните делови.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-05.jpg

Ставаат шминка на целото тело

Манекенките имаат шминка на целото тело, особено ако станува збор за ревија за долна облека.

Токму затоа изгледаат толку совршено.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-06.jpg

Не пијат вода 12 часа пред ревија

Адријана Лима има откриено дека покрај редовното вежбање и здравата исхрана, почнува да води строг режим околу 9 дена пред секоја ревија.

Во овие денови таа речиси целосно избегнува тврда храна и „јаде“ само смутија и супи. Исто така, 12 часа пред ревијата не јаде и не пие ништо, дури ни вода, со цел да ја избегне подуеноста.

Нормално, ова дефинитивно е шок за сечиј организам и не треба да го пробувате.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-07.jpg

По ревијата сакаат да се почастат со обилен оброк

Кога ќе земете предвид дека сите манекенки го следат режимот на Лима, па дури и некои построги правила, нормално е откако ќе заврши ревијата да се опуштат.

Всушност, неретко организаторите на ревиите на Victoria’s Secret прават забава со пица за манекенките.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-08.jpg

Некогаш ставаат капки во очите

За да не изгледаат многу изморено, некои манекенки ставаат капки во нивните очи пред ревијата.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-09.jpg

Можат да се соочат со многу проблеми со косата

Поради честото правење фризури, кое вклучува користење разни продукти, но и третирање со топлина, многу манекенки и модели имаат сува и кршлива коса.

Многу од нив, вклучувајќи ја и Џиџи Хадид, имаат изјавено дека поради честото правење фризури имаат и многу првут.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-10.jpg

Ни плус-сајз моделите не јадат што и да посакаат

Постои верување дека професионалните плус-сајз модели, како Ешли Греам, никогаш не внимаваат на исхраната и можат да јадат што сакат. Но, ова не е воопшто точно.

Овие модели мораат да јадат доволно за да не ослабат (бидејќи ќе ја изгубат „титулата“ плус-сајз), но не смеат да претераат за да не се здебелат повеќе.

Односно, како и слабичките модели, и тие имаат задача да одржуваат иста килажа.

Ова значи дека мораат да бидат особено внимателни со она што го јадат.

ne-pijat-voda-12-chasa-pred-revija-i-ushte-9-fakti-koi-otkrivaat-kako-e-da-bidete-supermodel-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anat... Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џаст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg