Забрането им е да имаат секс пред 18 години, мажите без коса остануваат неженети – Запознајте го племето Хули
Познати се по тоа што ја растат косата за од неа да креираат перика, а оние што нема да го поминат овој процес нема да може да се оженат, да основаат семејство или да станат воини. Племето Хули е препознатливо по впечатливата облека и перики декорирани со пердуви, а се смета дека сексуалните односи би можеле да ја загадат нивната машкост, па затоа се строго забранети.
Папуа Нова Гвинеја во голема мера е земјата каде можете да се запознаете со зачетоците на светот пред цивилизацијата.
Наедопрените острови, гребени и спектакуларната дождлива шума живеат над 100-тина племенски групи.
Племето Хули е домородно племе што живее во провинцијата Хела во Папуа, Нова Гвинеја.
Луѓето од ова племе не верува во мирот, туку се вешти воини кои се мошне опседнати со птиците, па ги имитираат во ритуалните танци и своите перики креирани од човечка коса ги декорираат со пердуви од птици, цвеќе и влакна од кускус.
Препознатливи по облеката со силни бои, жолтата боја на лицето, се смета дека Хулите во оваа област живеат над 1.000 години, а според легендите, настанале од нивниот предок Хули кој се занимавал со земјоделство.
Нивните традиции и до ден денешен остануваат непроменети под влијание на модерните услови, а во Тари, главниот град на провинцијата Хела и денес може да се види традиционалниот начин на живот на племето.
Се занимаваат во главно со сточарство и земјоделство, а главно платежно средство за луѓето од ова племе се свињите и најчесто за размената на добра, за купување невести или другите ритуални трошоци, плаќаат со овие животни.
Богатството на членовите во племето се мери според бројот на свињи што го поседуваат.
Овие воини постојано водат војна меѓу себе и сметаат дека одмаздата е подобра од спогодбата.
Најголемиот број војни во племето се предизвикани од меѓусебните конфликти во племето. Ако едно семејство влезе во конфликт со друго, веднаш почнува војна и одмазда.
Машките припадници на племето мора да поминат долг процес на иницијација, што започнува некаде од 14-годишна возраст.
Потоа, момчињата тргнуваат на посебно патување кон полнолетство, што вклучува ограничена исхрана, малку сон, забранети дејствија и ритуали.
Ова патување трае околу три години, а некои момчиња успеваат целиот процес да го поминат и за 18 месеци.
Во овој период момчињата поминуваат посебно училиште за маскулинизација, а забранет име е каков било контакт со жени па дури и со нивните мајки.
Се смета дека сексуалните односи би можеле да ја загадат нивната машкост, па затоа се строго забранети.
За да станат вистински воини, момчињата поминуваат низ повеќе магиски ритуали и им се воведува строга диета.
За да им израсне косата и да биде подготвена за изработка на воинствена перика трипати дневно се прска со посебна мешавина од тревки, а момчињата мора да спијат на грб, потпрени на тула за да не ги нагмечат прамените.
Племенскиот бербер секојдневно им ја проверува фризурата на момчињата, ја потстрижува и со посебна справа од бамбус ја обликува фризурата.
По 3 години косата на момчињата целосно се бричи и од неа се прави препознатливата Хули перика.
Момчињата што одбиваат да го поминат овој период на иницијација нема да може да се оженат, да создадат семејство, да бидат дел од фестивалите или да станат воини.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





