Од сиромашно девојче од Хрватска до една од најбогатите жени во светот – Како Славица Еклстон заработи над 1 милијарда долари за 58 секунди?
Освен големата разлика во годините, парот беше впечатлив и заради големата разлика во височината. Имено, Берни е висок само 158cm (и е 27cm понизок од Славица), а кога се запознале меѓу нив имало и јазична бариера.
„Го колнев топлото време и трката и седнав на еден ѕид да запалам цигара. Берни кога ме виде веднаш ме повика во неговиот ‘мото-хотел’.
Тоа беше неговата подвижна канцеларија во луксузно опремениот автобус. Ме викна на пијалак, но не можевме многу да разговараме затоа што јас не знаев англиски, а тој не знаеше италијански.
Му оставив телефонски број – но, погрешен. Мораше да преврте половина свет за да ми го најде телефонскиот број и за неколку дена успеа да ме пронајде“ – раскажа во една прилика Славица.
Во периодот кога се запознале Берни веќе 17 години бил во врска со Туана Тан, а во 1984-та година Славица останала бремена со ќерката Тамара, по што парот одлучил да стапи во брак во 1985-та година. Во 1988-ма година заедно ќе ја добијат и ќерката Петра.
Парот 23 години беше во брак и заедно живееја во близина на Хајд Парк во Лондон. Славица и Берни живееја во деветкатна зграда, каде првите четири ката биле наменети за канцелариите на поранешниот прв човек на Формула 1, а во другите 5 ката бил сместен нивниот дом.
Во 2008-ма година, Славица поднесе документи за развод, а како причина за прекинот на бракот го наведе тоа што Берни постојано е на работа и нема време за семејството.
„Што имам јас од него? Доаѓа од работа по осум часот, вечера и легнува да спие. Дури и кога е на одмор, не може две минути да биде во мир. Ништо друго не го интересира освен работата. Нема хоби, а другите луѓе ги смета за здодевни“ – рече тогаш Славица.
Бракоразводната парница траеше вкупно 58 секунди, колку што му беше потребно на судијата да го прочита решението.
Берни и Славица мошне брзо и лесно се договорија околу поделбата на имотот. Славица доби над милијарда долари во недвижности и акции, а денес е една од најбогатите жени од Хрватска.
Во 2014-та година Берни се соочи со скандал во кој се тврдеше дека тој му платил 30 милиони долари поткуп на германски банкар со цел да остане меѓу водечките акционери во Формула 1.
За време на судењето беше откриен интересен детаљ, дека Славица по разводот, секој месец му плаќа околу 100 милиони долари, но причината не е откриена.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





