Како мал бил во кома, поранешната девојка ја изневерил со Шакира – Факти за Жерар Пике
Пике е роден во богато семејство, а велат дека почнал да си игра со топка уште кога проодел. Доживеал страшна несреќа кога имал само 17 месеци, а пред Шакира се знае дека имал само 2 романтични врски – Факти за Жерар Пике.
Освен што е еден од светски најпознатите фудбалери, Жерар Пике стекна огромна популарност и со врската со поп-дивата Шакира.
Сепак, по 11 години заеднички живот парот одлучи да се раздели, откако претходно се ширеа гласини дека пејачката го фатила на дело како ја изневерува.
Прочитајте и Му ја смени бравата од семејниот дом, тој не добива од нејзиното богатство – Нови детали за разделбата на Шакира и Пике (фото)
Како мошне познат играч во одбраната Пике стекна богатство од околу 80 милиони долари, а воедно важи и за еден од најплатените фудбалери во фудбалскиот клуб Барселона.
Во продолжение да погледнеме неколку интересни факти за него, што можеби досега не сте ги знаеле:
Пике е роден во 1987-ма година во богатото семејство на Хоан и Монтсерат Пике. Татко му е богат бизнисмен и адвокат, а мајка му е директорка на престижна болница за повреди на ‘рбетот (спинален центар).
Љубителите на фудбалот добро знаат дека фудбалските клубови Рeaл Мадрид и Барселона отсекогаш биле лути ривали, а стадионот на Реал Мадрид го носи името на првиот претседател на клубот Сантјаго Бернабеу. Интересно е и тоа што целото име на Пике (кој игра за Барселона) е Жерар Пике Бернабеу.
Мајката на Пике е ќерка на Амадор Бернабеу, поранешниот потпретседател на ФК Барселона, а се вели дека Пике сакал да си игра со топка веднаш штом почнал да оди.