Дечкото ѝ исчезна на море, ќерката ѝ приреди пекол, а со децении се бореше со ракот – Факти за Оливија Њутн-Џон
Оливија работела како актерка и како пејачка, но многу повеќе била сконцентрирана на мајчинството. Кариерата на нејзиниот сопруг Мат, пак, била во постојан пад и на крај морал да почне да работи како градежен работник.
Мат целосно се откажа од кариерата како танчер во 1992-ра, годината кога на Оливија за првпат ќе ѝ биде дијагностициран рак на дојката.
Таа прво ја криеше болеста, но откако се појавија гласини во јавноста, реши јавно да проговори и да стане еден од најпознатите активисти против ракот.
Со оглед на тоа што се соочувале со финансиска криза, Оливија и Мет одлучија да се преселат во Австралија, но пејачката на крај мораше да прогласи банкрот, а бракот ѝ западна во криза.
Откако дознала дека сопругот ја изневерил во 1995-та година Оливија се разведе од Мет.
Освен што морала да се бори со финасиските и со проблемите во бракот, истовремено се соочувала и со проблеми со нејзината ќерка Клое, која страдала од депресија и од анорексија.
Кон средината на 90-тите Оливија почна да се гледа со 9 години помладиот Патрик Мекдермот.
Нивната врска била мошне нестабилна и исполнета со драми, а иако подолго време беа заедно, дури во 2005-тата година тоа го соопштија во јавност, во периодот кога тој имаше големи финансиски проблеми.
Патрик во тој период должел данок, должел пари за алиментација за синот од првиот брак како и на многу други луѓе, а само неколку месеци подоцна светот остана во шок кога тој едноставно исчезна од бродот во Малибу, каде бил на риболов.
Оливија во една прилика призна дека исчезнувањето на Патрик силно ја погодило и дека дури морала да прима и антидепресиви затоа што не знаела како да се носи со загубата.
Три години подоцна, во 2008-мата година Оливија одлучи да се омажи за Џон Истерлинг, кого го познавала долги години и кој ѝ бил добар пријател. Тој остана заедно со неа и во последните мигови од животот.
Б. С. Б. | Црнобело