Дечкото ѝ исчезна на море, ќерката ѝ приреди пекол, а со децении се бореше со ракот – Факти за Оливија Њутн-Џон
Додека се борела со ракот, сопругот ја изневерил, а морала да ѝ помогне и на ќерката која страдала од депресија и анорексија. Животот на Оливија Њутн-Џон беше исполнет со голем број трагедии и падови. Со што сѐ мораше да се избори култната актерка и пејачка, која на 8-ми август 2022 почина на 73-годишна возраст?
По долга борба со ракот на дојка, актерката која стана славна по улогата на Сенди во култниот филм „Брилијантин“, Оливија Њутн-Џон почина на 73-годишна возраст.
Ќе остане запаметена како извонредна актерка и пејачка, но и како активист кој посвети долги години за собирање средства наменети за истражување и наоѓање лек против ракот.
Оливија била родена во Кембриџ во 1948-ма година година, а татко ѝ бил талентиран оперски пејач.
На возраст од 6 години Оливија со семејството се преселила во Автралија каде татко ѝ работел како декан на музичка академија. Пет години подоцна, нејзините родители се развеле, а Оливија нашла утеха во музиката.
На 15 години победила во шоу за таленти, а главната награда била патување во Велика Британија.
За време на патувањето во Велика Британија, Оливија одлучила дека сака да остане да живее таму заедно со мајка ѝ, но и да продолжи да се занимава со музика.
Во 1974-та година, Оливија настапи на Евровизија, каде ја претставуваше Англија со песната Long Live Love. Го освоила 4-тото место, иако таа година настапуваа и легендарните ABBA со хитот Waterloo.
Here’s Olivia Newton-John representing the UK at the 1974 Eurovision Song Contest.
— Steve Holden (@SteveHReports) August 8, 2022
💔 pic.twitter.com/KPgaCVkWaZ
Следната година заедно со нејзиниот менаџер Ли Крамер, се пресели во САД, каде во 1978-ма година ќе ја добие улогата во „Брилијантин“, заедно со Џон Траволта.
Улогата на Сенди, освен што ѝ донесе огромна слава, Оливија од британската кралица Елизабета Втора доби и Орден за заслуги во културата, а доби и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Во 1984-та година, по 4 години врска Оливија стапи во брак со танчарот Мат Латанци, кој бил 11 години помлад од неа и со кого се запознала за време на снимањето на филмот „Ксанаду“. Од бракот со него, Оливија ќе ја добие ќерката Клое Роуз Латанци.
За време на бременоста Оливија се соочила со сериозни проблеми, па дури ѝ рекле дека постои можност да го загуби бебето, по што направила пакт со Бог:
„Си легнав во кревет и му се молев на Бог да ја спаси и се зареков дека секоја вечер пред спиење ќе ја кажувам молитвата и тоа го правев“ – рече неодамна Оливија.