Пауло Коељо: „Понекогаш треба да трчаш за да видиш кој ќе трча по тебе“ - Дали вашиот пријател е вистинскиот?!

Пријателството е посебна емотивна врска, врска меѓу двајца луѓе која е чиста нишка - од срце до срце. Како и во секој сегмент од животот, така и во пријателството носиме добри и лоши одлуки, правилни и погрешни избори.

Paulo-Koeljo-Ponekogash-treba-da-trchash-za-da-vidish-koj-kje-trcha-po-tebe-dali-vashiot-prijatel-e-vistinskiot 01 630x330.jpg

Можеби мислевте дека до вас има пријател кој е подготвен да даде сѐ за вас, но подоцна некои постапки на таа личност ве разубедуваат во спротивното.

Или обратно, личноста која сме ја сметале за „случаен“ минувач во животот ни станал пријател кој неуморно ни дава ветер во грб, нѐ штити, негува и ни пружа безусловна љубов.

Како да знаеме кој е нашиот вистински пријател?

Со сигурност не е оној кој е тука само кога ни е убаво, а исчезнува кога ни треба поддршка, совет, помош

Ниту пак, оние луѓе кои се појавуваат кога несреќата ќе чукне на нашите порти, но не за да ни помогнат да ја совладаме.

Вистински пријател не е ниту личноста која ве изневерува, зборува зад ваш грб, ве повредува или исчезнува од вашиот живот само затоа што запознала некој друг.

Paulo-Koeljo-Ponekogash-treba-da-trchash-za-da-vidish-koj-kje-trcha-po-tebe-dali-vashiot-prijatel-e-vistinskiot 02 630x550.jpg

Постојат безброј дефиниции и толкувања за пријателството и навистина не можеме да го дефинираме, како што не можеме да ја дефинираме и љубовта.

Но, преку искуството во животот, како што стануваме позрели и посвесни за себе и работиме на нашиот личен развој, полесно можеме да разликуваме кои се вистинските, а кои погрешните луѓе во нашето опкружување.

Одговорот на ова прашање со сигурност не постои, но сепак овојпат ќе се осврнеме на териите на грандиозниот писател Пауло Коељо, кој вели:

„Понекогаш треба да трчаш за да видиш кој ќе трча по тебе. Понекогаш треба да зборувате тивко за да видите кој навистина ве слуша. Понекогаш треба да направите чекор назад за да видите кој друг е на ваша страна. Понекогаш треба да донесете погрешни одлуки за да видите кој е со вас кога работите ќе се распаднат“.

Eдно е сигурно. Вистинските пријатели ни го прават животот уште поубав, а тешките времиња помалку болни. Важно е да знаете како можете да бидете добар пријател, а со самото и подобар човек.

А вие, имате ли таква личност до вас?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg