Црни вулкански плажи, огромен животински парк и вкусни специјалитети – Зошто Тенерифе е уникатна дестинација?
Сместени во Атланскиот Океан помеѓу Шпанија и Африка, Канарските Острови се една од најпознатите туристички дестинации во светот. Тие се дом на познатите птици канаринци, а на најпознатиот остров Тенерифе се наоѓа третиот по големина вулкан во светот – факти за Канарските Острови.
Канарските Острови се дел од шпанскиот архипелаг што се наоѓа покрај брегот на северозападна Африка. Станува збор за архипелаг составен од седум поголеми вулкански острови познати по плажите со црн и бел песок.
Се смета дека најдобар период за посета на овие острови е помеѓу јуни и септември, иако топлата суптропска клима овозможува сончеви денови во текот на целата година, па вооопшто не зачудува фактот што туристите ги посетуваат хотелите во текот на целата година, а Тенерифе е едно од најпосетуваните туристички места во Шпанија.
Островите нудат голем број природни атракции: од природни базени и лагуни до големи туристички водени паркови.
Во продолжение да проследиме неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за Тенерифе и останатите острови:
Архипелагот е составен од седум поголеми острови како Тенерифе, Гран Канарија, Ел Хиеро, Ла Палма, Ла Гомера, Фуертевентура и Ланзароте, а исто така опфаќа и повеќе помали острови.
Сите острови биле формирани со вулкански ерупции, а последен пат вулканот Теиде сместен на островот Тенерифе еруптирал во 1909-та година. Вулканот Теиде е највисокиот врв во Шпанија и трет по големина на Земјата, Во 2007-ма година бил прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО.
Архипелагот има два главни градови: Санта Круз де Тенерифе и Лас Палмас де Гран Канарија, а во првиот се одржува вториот најпознат карневал во светот кој секоја година привлекува голем број туристи.
Кога ќе се спомне името „Канарски острови“ обично се мисли на малите жолти птици познати и како канаринци. Сепак треба да се знае дека името на островите доаѓа од латинскиот израз Insula Canaria што значи „Остров на кучињата“.
Се верува дека името е поврзано со некогашната голема популација на фоки или „морски кучиња“, која во моментов е во изумирање, а малите птици го добиле името според островите.