Сурови, но вистинити и хумористични цитати кои ќе ве вратат во реалноста
„Вашиот живот не може да се распадне ако никогаш не бил среден“. „Ако животот не ве уништи денес, не грижете се. Утре ќе проба пак“.
Обично читаме цитати кои се надеваме дека ќе нè мотивираат и ќе ни го подобрат расположението.
Но, има исто добри цитати кои се пореалистични и иако можеби звучат сурово, факт е дека не се далеку од вистината.
А, некогаш ни треба токму ваква брутална искреност за да си ја промениме перспективата, да се спуштиме на земја и да бидеме пореалистични во врска со некоја наша желба или цел.
Неколку демотивирачки цитати (повеќето од непознати автори) што ќе ве замислат:
„Секое мртво тело на Монт Еверест некогаш било многу мотивирана личност“.
„Никогаш не ја потценувајте моќта на глупави луѓе во големи групи“.
„Денес е првиот ден од остатокот од вашиот живот. Но, исто беше и вчера и гледајте како излезе“.
„Сè се случува со причина. Некогаш причината е тоа што сте глупави и донесувате лоши одлуки“ - Марион Г. Хармон
„Ако животот не ве уништи денес, не грижете се. Утре ќе проба пак“.
„Луѓето кои велат дека ќе дадат 110% од себе не разбираат како функционираат процентите“.
„Ако никогаш не пробувате нови нешта, ќе испуштите многу од големите разочарувања на животот“.
„Две работи се бескрајни – универзумот и глупавоста на човекот. А, не сум баш сигурен за универзумот“ - Алберт Ајнштајн
„Не заборавајте дека сте апсолутно уникатни. Исто како и секој друг“ - Маргарет Мид
„Кај мене не постојат предрасуди – ги мразам сите подеднакво“ - В. К. Филдс
„Само затоа што сте уникатни не значи дека сте корисни“.
„Најлошиот дел од успехот е кога се обидувате да најдете некој што е навистина среќен за вас“ – Бет Мидлер
„Секогаш има некој на Јутјуб што може да направи нешто подобро од вас“.
„Вашиот живот не може да се распадне ако никогаш не бил среден“.
„Наградата за добра работа е уште работа“.
„Слободно преземајте ризици - барем ние другите ќе има за што да се смееме“.