15 кинески мисли и мудрости
Убавите мисли и мудрости секогаш се добредојдени. Во прилог 15 кинески мудрости кои ќе ве мотивираат, зајакнат и ќе ви остават мудар печат на кој ќе се сетите во некои моменти од животот.
Ако се сетите на некоја интересна мисла плус, слободно пишете ни во коментарите.
1. Ако си трпелив во моментот на лутина, ќе избегнеш сто денови тага.
2. И убавите цветови, убави се само некое време.
3. Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од месеци учење од книга.
4. Кога веќе еднаш ќе ги изговорите, ниту најбрзиот коњ не може да ги стигне вашите зборови.
5. Кој ја бара вистината, мора да знае и како да ја поднесе.
6. Мудриот човек сам донесува одлуки, будалата го прифаќа јавното мислење.
7. Неколку чаши вино се причина за голем број важни зделки.
8. Животот е само мост. Немој да градиш куќа на мостот.
9. Во моментите на успех, не ги заборавај своите неуспеси.
10. Подобро запалете светло отколку да ја проколнувате темнината.
11. Кога богатиот ќе стане сиромашен, тој станува учител.
12. Кој има пари, има и пријатели.
13. Парите често ги отстрануваат неприликите, но често и ги создаваат.
14. Трпеливо издржи мала загуба и ќе бидеш поштеден од поголема.
15. Учителот ви ги отвора вратите, но вие морате да учите сами.