13 причини зошто Холандија е државата на иднината

Можете да платите автобуски превоз со книга

На Меѓународниот ден на книгата, во Холандија можете да покажете дека читате книга додека сте во воз, па нема да мора да купувате билет.

13-prichini-zoshto-holandija-e-drzhavata-na-idninata-08.jpg

Полицајците им помагаат на сите и за најмали проблеми

Полицајците во Холандија без двоумење им помагаат на граѓаните да си го поправат велосипедот, неретко си играат со децата и им помагаат на изгубените туристи.

Истовремено, редовно проверуваат и дали паркираните автомобили се заклучени. Ако не се – веднаш го бараат сопственикот за да го известат.

13-prichini-zoshto-holandija-e-drzhavata-na-idninata-09.jpg

Имаат јавни тоалети за кучиња

Во повеќето градови во Холандија има обележани површини кои служат само како јавен тоалет за кучиња. Покрај тоа, на овие места секогаш има бесплатни кеси и посебни корпи за фрлање на изметот.

Доколку некој го однесе кучето во тоалет на друго, необележано место, може да си заработи висока парична казна.

13-prichini-zoshto-holandija-e-drzhavata-na-idninata-10.jpg

Сами можете да си направите алкотест

На многу места во чија околина има ноќни клубови и места каде што би можете да испиете повеќе алкохол, има поставено алкотест.

На овој начин луѓето можат сами да се тестираат со цел да избегнат да возат ако се поднапиени.

13-prichini-zoshto-holandija-e-drzhavata-na-idninata-11.jpg

Скоро сите јавни тоалети се наплаќаат

Без разлика дали сте во трговски центар или некое друго јавно место во Холандија, најверојатно ќе треба да платите за да го користите тоалетот. Оваа сума е симболична, односно околу 50 центи.

На некои места, пак, како бензински станици, можете да добиете ваучер со истата вредност што сте ја платиле за тоалетот.

13-prichini-zoshto-holandija-e-drzhavata-na-idninata-12.jpg

Во многу продавници не се продава шеќер

Многу туристи што ја посетиле Холандија сфатиле дека некогаш воопшто не е лесно да се најде шеќер во продавниците. Веројатно причината е поздравиот начин на живот.

Шеќерот се продава во картонска кутија бидејќи е поеколошка од пластичните амбалажи.

13-prichini-zoshto-holandija-e-drzhavata-na-idninata-13.jpg

Холандија е земја на велосипеди

Според податоци од 2019 година, во Холандија има околу 22,9 милион велосипеди. Годишно жителите купуваат околу 1 милион велосипеди. За споредба, во Холандија живеат 17,44 милиони луѓе.

Добро познат факт е дека во Амстердам луѓето возат најмногу велосипеди, а интересно е што секоја година од каналите се вадат и до 15.000 велосипеди.

13-prichini-zoshto-holandija-e-drzhavata-na-idninata-14.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
8 (научни) факти кои звучат како измислени Синиот кит е најголемиот цицач на планетата и јасно дека му требаат многу калори...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg