700 патници од трета класа делеле 2 тоалети, мажи се преправале во жени за да се спасат – помалку познати факти за Титаник
Се верува дека капетанот и извидниците не ја забележале сантата мраз навреме бидејќи немале двоглед – единствениот двоглед на бродот бил заклучен во шкафче, а никој не знаел каде е клучот.
До денес, Титаник е една од најголемите трагедии од поново време. Бродот кој запловил во Атлантикот на 10-ти април 1912 година, потонал само пет дена подоцна откако удрил во санта мраз.
Од приближно 2.200 патници, загинале околу 1.500.
Иако сите знаме за оваа трагедија, сепак постојат многу факти за бродот што сигурно не сте ги слушнале досега.
Неколку од нив во продолжение:
Патниците сместени во трета класа морале да делат два тоалети
Додека богаташите уживале во луксуз, патниците во трета класа се соочувале со мошне проблематични услови. Наводно на бродот имало околу 700 патници во трета класа, а сите морале да делат само два тоалети.
Еден од музичарите бил прогласен за мртов дури во 2000 година
Свирачот на виолончело од оркестарот на Титаник (кој бил Французин) имал само 21 година кога потонал бродот.
Иако тој загинал заедно со останатите музичари, не бил официјално прогласен за мртов сè до 2000 година.
Наводно, француската војска дури и го нарекла дезертер бидејќи не служел во Првата светска војна која почнала две години по неговата смрт.
Со цел да се ослободи од обвинувањата за дезертерство, тој конечно бил прогласен за мртов во 2000 година.
Исто како во филмот, музичарите свиреле до самиот крај
Еден од најтрогателните мигови во филмот Titanic е одлуката на музичарите да продолжат да свират додека бродот тоне.
Ова е вистинит настан – тие не престанале со свирење околу два часа откако бродот удрил во сантата мраз.
Се верува дека капетанот не ја видел сантата навреме бидејќи немал двоглед
Наводно, единствениот двоглед на бродот бил заклучен во шкафче, а никој не знаел каде е клучот.
Според некои гласини, токму поради ова сантата мраз не била забележана навреме – капетанот и извидниците морале да се потпираат само на нивните очи.
Дури во 2010 година клучот од шкафчето мистериозно се појавил на аукција и бил продаден за над 130.000 долари.
За време на изградбата на бродот загинале осум луѓе
Трагедиите поврзани со Титаник почнале уште пред да заплови – во текот на изградбата загинале осум лица, а на тројца од нив не им се познати ни имињата.
На бродот бил најбогатиот човек во тоа време
Џон Џејкоб Астор, за кого се верувало дека е најбогатиот човек во светот во тоа време, бил на Титаник и загинал.
Неговото богатство се проценува на тогашни 150 милиони долари, односно денешни 3,5 милијарди.
Неговото тело било едно од ретките што биле извлечени од водата, а наводно во неговиот џеб имало 2.440 долари (денешни 60.000).
Неколку весници погрешно известиле дека нема жртви
Брзајќи први да ги објават страшните вести за тонењето на Титаник, неколку престижни британски медиуми известиле дека немало жртви. The World, Daily Mail и Belfast Telegraph се само дел од нив.
Од друга страна, американските весници малку доцнеле со објавувањето на вестите, па споделиле поточни информации.
Меѓу првите бил The New York Times, чија насловна страница ја красел насловот: „Титаник потона четири часа откако удри во санта мраз; 866 спасени од бродот Carpathia; веројатно 1.250 загинати“.
Се верува дека неколку мажи се преправиле во жени за да се качат на спасувачките чамци
Кога станало јасно дека бродот ќе потоне, жените и децата биле првите личности кои требало да се качат на спасувачките чамци.
Но, постојат гласини дека неколку мажи се облекле како жени за да се спасат.
Сопругата на еден во овие мажи, Хелен Бишоп, дури и побарала развод од сопругот поради ова.