700 патници од трета класа делеле 2 тоалети, мажи се преправале во жени за да се спасат – помалку познати факти за Титаник
Сите инженери на бродот загинале
25-те инженери на бродот не престанале да работат до самиот крај. Тие ги жртвувале нивните животи за бродот да има електрична енергија и светло за другите полесно да избегаат.
Тие управувале и со радиото и барале помош додека бродот да потоне.
Најмалку 13 парови го прославувале медениот месец
Се верува дека најмалку 13 штотуку венчани парови го прославувале нивниот меден месец со патувањето на Титаник.
Едниот од готвачите преживеал дури два часа во ледената вода
Во филмот Титаник има кратка сцена каде што се гледа како еден готвач пие многу алкохол додека бродот тоне.
Ова е инспирирано од вистински настан – готвачот Чарлс Џогин испил многу виски додека тонел бродот, а поради големото количество алкохол во организмот, преживеал цели два часа во ледената вода и на крај бил спасен.
За споредба, повеќето луѓе умреле по само 15 минути во водата од хипотермија.
За снимањето на култниот филм биле потрошени повеќе пари отколку што чинела изградбата на бродот
Своевремено, Титаник бил најголемиот и најлуксузниот патнички брод, а за неговата изградба биле потрошени околу 7,5 милиони долари – околу 220 милиони денешни.
Буџетот на филмот од 1997 бил 200 милиони, односно 360 милиони денешни долари.
Потонатиот брод бил најден 73 години подоцна
Цели 73 години никој не можел да ги најде остатоците од потонатиот Титаник. Бродот бил најден во 1985 година, како дел од тајна мисија.
Интересно е што дотогаш малкумина верувале дека бродот навистина се скршил на половина. Со откривањето на остатоците, теоријата била потврдена.
Остатоците можат целосно да исчезнат до 2030 година
Според научниците, остатоците од Титаник веројатно ќе исчезнат целосно поради бактерии кои го јадат дури и металот.
Последниот преживеан патник почина во 2009 година
Милвина Дин имала само 2 месеци кога била спасена од бродот. Таа беше последната преживеана личност и почина во 2009-та, на 97-годишна возраст.
Единствениот преживеан Јапонец бил мета на шеги кога се вратил во Јапонија
Масабуми Хосоно е единствениот Јапонец кој го преживеал тонењето и додека американските медиуми го нарекувале „среќниот Јапонец“, жителите од неговата земја го исмејувале.
Наводно, тие го нарекувале кукавица бидејќи не останал на бродот и се качил на чамец за спасување наместо да им даде предност на жените и децата.
Тој бил и обвинет дека се преправил во жена за да се спаси.
Дури по премиерата на филмот Титаник неговото семејство објавило писмо кое тој ѝ го напишал на сопругата. Во писмото тој објаснува што се случило – решил да остане на бродот, но во последен момент маж од екипажот рекол дека има место за уште двајца, па се качил.
Бродот бил добро снабден со храна и пијалаци
На бродот имало 15.000 шишиња пиво, 1.000 шишиња вино, 850 шишиња друг алкохол, како и 8.000 пури.
Покрај тоа, имало 1.000 векни леб, 40.000 јајца, 34.000 килограми свежо месо, и околу 3500 килограми сланина.
Спирова С. | Црнобело