Не ја претворајте сопругата во слугинка - 42 правила за добар живот од водечки психолог на денешницата

Запомнете дека она што не го знаете е поважно од она што веќе го знаете; Не им дозволувајте на насилниците да поминат неказнето... Во продолжение прочитајте ги сите 42 правила за добар живот на еден од водечките психолози во светот, доктор Џордан Петерсон.

ne-ja-tretirajte-soprugata-kako-sluginka-42-pravila-za-dobar-zhivot-od-eden-od-vodechkite-psiholozi-na-deneshnicata-01.jpg

Доктор Џордан Петерсон е еден од водечките психолози во светот. Тој во моментов работи на Универзитетот во Торонто, а во периодот од 1993-та до 1998-ма година работел како професор по психологија на Харвард.

oblekuvajte-se-kako-lichnosta-shto-sakate-da-bidete-42-pravila-za-dobar-zhivot-od-eden-od-vodechkite-psiholozi-na-deneshnicata-02.jpg

Тој е автор на поголем број книги од областа на психологијата, а на својот Твитер профил неодамна ги сподели неговите 42 правила за добар живот.

Погледнете кои се тие во продолжение:

1. Кажувајте ја вистината... или барем не лажете.

2. Немојте да правите работи што ги мразите.

3. Однесувајте се така што ќе можете да ја кажете вистината за тоа зошто така се однесувате.

4. Борете се за да го остварите она што ви е значајно, а не она што е целисходно;

5. Ако имате можност да бирате, изберете да бидете оној што ги завршува работите, а не некој за кого само се мисли дека ги завршува работите;

6. Обрнувајте внимание на работите околу вас;

7. Претпоставете дека личноста што ја слушате можеби знае нешто што вие треба да го знаете;

8. Слушајте ги внимателно луѓето за да го споделат тоа што го знаат со вас;

9. Планирајте и работете напорно за да ја зачувате романсата во врската;

10. Внимавајте со кого ги споделувате убавите вести;

11. Внимавајте со кого ги споделувате лошите вести;

oblekuvajte-se-kako-lichnosta-shto-sakate-da-bidete-42-pravila-za-dobar-zhivot-od-eden-od-vodechkite-psiholozi-na-deneshnicata-06.jpg

12. Каде ѝ да одите обидете се барем едно нешто да направите подобро;

13. Замислете кој би можеле да бидете и целосно посветете се на тоа;

14. Не си дозволувајте себеси да станете арогантни и да ги гледате нештата со презир;

15. Обидете се барем една соба во домот да ви биде што е можно поубава;

16. Споредувајте се себеси со тоа што вие бевте вчера, а не со тоа што некој друг е денес;

17. Работете колку можете понапорно барем на една работа и видете што ќе се случи;

18. Ако старите спомени сѐ уште ви нанесуваат болка, запишете ги внимателно и потоа заборавете дека постојат;

19. Одржувајте ги контактите со луѓето;

20. Не ги омаловажувајте општествените институции или уметничките достигнувања;

21. Третирајте се себеси како некого за кого сте одговорни да му помогнете;

Уште 21 правило на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg