-->
Наместо на луксузно патување со крузер, за меден месец ја однел на патување со автомобил низ Украина. Не сакала да биде прва дама, а се шпекулира дека имала проблеми и со алкохолот. Што се знае за Људмила, поранешната сопруга на Владимир Путин?
Откако се разведоа во 2013-та година многу малку се знае за тоа каде е и што прави поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила Шкребнева (64).
-->
Људмила беше во брак со Владимир Путин од 1983-та година до 2013-та година, а по нивниот развод во голема мера се шпекулираше за тоа каде е и што прави поранешната прва дама на Русија.
Имаше приказни дека се замонашила во манастир, па потоа следеше написот на Ројтерс за мултимилионски компании што се во нејзина сопственост. Според новинската агенција, таа поседува недвижности во Москва што ѝ носат огромни месечни приходи од кирии.
Дополнително, во јавноста се појавија и шпекулации дека поранешната прва дама на Русија се премажила за 20 години помлад маж од неа, но тие информации никогаш не биле потврдени, ниту пак имало посериозни коментари за нив.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за Људмила, што можеби не сте ги знаеле:
Људмила Шкребнева е родена во 1958-ма година во Калининград, во работничко семејство. По завршувањето на средното образование работела како поштар, медицинска сестра, но и стјуардеса, а подоцна одлучила да се запише на Филолошкиот факултет каде дипломирала во 1986-та година.
-->
-->
Људмила и Владимир се запознале во 1983-та година додека таа сè уште била студент на Филолошкиот Универзитет и имала 23 години, а тој ја започнувал својата кариера во КГБ и имал 29 години. Според достапните информации, тие се сретнале на концерт на Аркадиј Раикин.
-->
Људмила има изјавено дека кога првпат го запознала Владимир не ѝ оставил некој особен впечаток, но тој бил мошне упорен во додворувањето и во 1983-та година одлучиле да стапат во брак. Венчавката се одржала на брод, а на неа присуствувале неколку најблиски пријатели.
За меден месец требало да одат на крузер од Одеса до Јалта, но Путин одлучил билетите да ги подари на некој пријател за време на свадбата. Така Људмила и Владимир по прославата заминале на патување со автомобил низ Украина.
-->
Во 1985-та година Људмила и Владимир ја добиле првата ќерка Марија, а потоа откако се преселиле во Германија ја добиле и втората ќерка Екатерина.
Људмила воопшто не сакала да биде во центарот на вниманието на јавноста и кога дознала дека нејзиниот сопруг планира да започне политичка кариера, изјавила дека „плачела цел ден“ затоа што знаела дека тоа ќе биде крај за нејзиниот приватен живот.
Уште неколку интересни факти за Људмила, односот и разводот со Владимир, прочитајте на следната страна...
Би можело да ве интересира: