10 забавни факти за животот во Велика Британија (кои можеби не сте ги знаеле)
Никој не останува дома кога времето е сончево
Во Англија времето е претежно облачно и врнежливо. Па, кога има сонце, речиси сите излегуваат и го поминуваат денот на отворено.
Талентирани улични музичари
Во поголемите англиски градови, како Лондон, можете да налетате на безброј талентирани улични музичари.
Додека ние сме навикнати да гледаме најчесто гитаристи, овде ќе најде луѓе кои свират на виолина, виолончело, саксофон, па дури и харфа, и тоа како вистински професионалци.
Во лондонското метро има посебен вид комарци
Во метрото во Лондон живее посебен вид комарец, познат како „комарец од лондонското метро“.
Овие комарци се забележани и на други места (како Египет), долго пред Лондон да добие метро, но со текот на времето станале препознатливи за таа локација бидејќи мошне добро се адаптирале на тамошните услови.
Овие комарци предизвикувале сериозен проблем за локалците кои се криеле во метрото за време на бомбардирањето од страна на Германија во 1940 и 1941 година.
Необичен закон за градење
Во Англија постои таканареченото „право на светлина“ според кое сопствениците на одредени домови можат да ја забранат изградбата на објекти околу нивните куќи.
Доколку сопственикот на градбата добивал природна дневна светлина од прозорците на домот над 20 години, може да го искористи ова право. Истовремено, сопственикот може да направи нови прозорци на неговиот дом, но потоа не смее да ги зголемува барем 20 години.
Обично овие домови се одбележани со натписот „Ancient Lights“ односно „древни светла“, а законот важи од 1832 година.
Локалците носат лесна облека и на студено време
Како што веќе кажавме, времето во Британија обично е облачно и постудено, па Британците се навикнати на пониски температури.
Поради ова, немојте да се изненадите ако среде зима видете некој со тенка јакна и несоодветна облека за сезоната.
Ако има сонце, ништо чудно да видите и многу Британци на кратки ракави, дури и во зимските месеци.
Спирова С. | Црнобело