Човечки фосили стари 3 милиoни години, 3 главни града – факти за Јужна Африка што сигурно не сте ги слушнале
Знаевте ли дека во Јужна Африка се најдени некои од најстарите остатоци од нашите предци кои датираат пред дури 3,5 милиони години?
Кога ќе слушнеме за Јужна Африка, обично си замислуваме пустина и племиња со необичен и интересен начин на живот.
Но, Јужна Африка е развиена држава со интересна култура и начин на живот многу поразличен од нашиот.
Оваа земја крие и многу богатства, а некои веруваат дека на нејзина територија можеби се појавиле и нашите први предци.
Неколку факти за Јужна Африка што сигурно не сте ги знаеле:
Во Африка живеат најголемиот и најмалиот цицач
Најголемиот цицач во светот е синиот кит, но најголемиот копнен цицач е Африканскиот слон. Овие животни достигнуваат висина до 3,2 метри, а тежина и до 6.000 килограми.
Најмалиот цицач (според масата) е минијатурно животно од видот Suncus etruscus кое тежи само 1,8 грама.
И двете животни живеат во Јужна Африка.
Сите мораат да им покажуваат почит на постарите
Во Јужна Африка сите мораат да им покажуваат почит на постарите, без исклучок.
Ако, на пример, влезете во нечиј дом, мора најпрво да се поздравите со најстарата личност, а потоа со сите останати.
Луѓето кои не ги почитуваат овие правила се сметаат за неучтиви.
На некои места куќите се украсени со живописни мурали
Во Јужна Африка постои племе чии домови се украсени со шарени геометриски форми и шари.
Нивните куќи покрај тоа што имаат интересна форма, секогаш се украсени и со живи бои како црвена, жолта и зелена.
Во Африка се наоѓаат некои од најстарите фосили од праисториски луѓе
На 50-тина километри од Јоханесбург се наоѓа област позната како „Колевката на човештвото“.
Овде се најдени некои од најстарите фосили од човечки предци кои датираат од пред 3,5 милиони години.
Омилената ужина на локалците е сушено месо
Додека ние грицкаме чипс, пуканки или нешто слично, жителите на Јужна Африка најмногу го сакаат специјалитетот познат како билтонг.
Билтонг е всушност сушено месо, најчесто од ној, крокодил, па дури и зебра.