Човечки фосили стари 3 милиoни години, 3 главни града – факти за Јужна Африка што сигурно не сте ги слушнале
Во Јужна Африка се наоѓа еден од еколошки најодржливите градови
Кејптаун се наоѓа меѓу 10-те најодржливи градови во светот.
Ова значи дека градот драстично го има намалено отпадот, водата се користи многу разумно и екологијата е едно од најважните нешта.
Овде се наоѓа најголемиот кратер во светот
Во Јужна Африка можете да го видите најголемиот кратер во светот, познат како кратерот Вредефорт.
Според експертите, кратерот настанал пред околу две милијарди години од метеор. Се верува дека оригиналната големина му била помеѓу 180 и 300 километри, но поради ерозијата низ годините, невозможно е да се утврди точната бројка.
Денес кратерот има дијаметар од околу 300 километри.
Не секој може да ја поднесе уличната храна
Едно од најпопуларните улични јадења во Јужна Африка е вид сендвич направен со зачинето месо и кари.
Најчесто се користи месо од зајак или кокошка, а поради многуте зачини, не секој може да го поднесе.
Јужна Африка има три главни града
Знаевте ли дека Јужна Африка е единствената земја со три главни града?
Главните градови се Преторија, Блумфонтејн и Кејптаун.
Во Јужна Африка се наоѓа најголемото баобаб дрво во светот
Дрвјата баобаб, како она што се спомнува во Малиот принц виреат во Африка и Австралија. Овие дрвја се познати по нивната големина, а најголемото можете да го најдете во Јужна Африка.
Ова дрво е високо 19,8 метри, има основа што зафаќа 60,6 метри квадратни и се претпоставува дека тежи 54 тони.
Во Кејптаун се наоѓа едно од најшарените соседства
Бо-Каап е област во Кејптаун која се истакнува со шарените градби.
Секоја градба е офарбана со жива боја, поради што денес соседството е популарна туристичка атракција.
Спирова С. | Црнобело