Топлата вода е луксуз во Северна Кореја – наставничка која работела во Северна и Јужна Кореја споделува забавни факти

Во Северна Кореја нема интернет, во Јужна Кореја студенстките домови не се во најдобра состојба, а жителите на двете земји се големи љубители на караоке.

site-korejci-sakaat-karaoke-nastavnichka-shto-rabotela-vo-severna-i-juzhna-koreja-spodeluva-zabavni-fakti--01.jpg

Дијана од Русија е наставничка која извесен период живеела во Северна Кореја, а моментално престојува во Јужна Кореја.

Дијана има ТикТок профил каде што споделува интересни детали од секојдневието во двете земји кои за нас изгледаат навистина необично.

Дел од најинтересните факти за Северна и Јужна Кореја што ги научивме од Дијана:

Жените и девојките во Северна Кореја носат скромна облека

Дијана вели дека сите девојки и жени во Северна Кореја носат скромна облека која покрива речиси сè.

Дури и кога одат на плажа, тие никогаш не носат бикини, туку само едноделни костими за капење.

Младата наставничка на почетокот не го знаела ова, па кога се појавила на плажа во бикини се соочила со многу осудувачки погледи.

site-korejci-sakaat-karaoke-nastavnichka-shto-rabotela-vo-severna-i-juzhna-koreja-spodeluva-zabavni-fakti-02.jpg

Момчињата во Северна Кореја им подаруваат вештачко цвеќе на девојките

Наводно, во Северна Кореја е речиси невозможно да најдете букет од природно цвеќе. Тамошните жители сметале дека овие букети се непрактични, па преферираат вештачко цвеќе.

site-korejci-sakaat-karaoke-nastavnichka-shto-rabotela-vo-severna-i-juzhna-koreja-spodeluva-zabavni-fakti-03.jpg

Сите Корејци сакаат караоке

Иако начинот на живот во Северна и Јужна Кореја е многу различен, Дијана вели дека жителите на двете земји имаат едно заедничко нешто – љубов кон караокето.

Во Јужна Кореја можете да најдете караоке кабини во локалите, каде што можете да пеете на цел глас без да ве слушне никој.

Во Северна Кореја, пак, има посебни локали само за караоке.

site-korejci-sakaat-karaoke-nastavnichka-shto-rabotela-vo-severna-i-juzhna-koreja-spodeluva-zabavni-fakti-04.jpg

Студентските домови во Северна Кореја се како луксузни хотели

За време на престојот во двете земји, Дијана отседнувала во студентски домови.

Во Јужна Кореја имало посебни блокови за машки и женски, а машките никако не смееле да одат во женските блокови, и обратно. Собите, пак, не биле во најдобра состојба. 

Во Северна Кореја и машките и женските биле сместени во ист блок, а собите биле многу добро опремени и наликувале на луксузен хотел.

site-korejci-sakaat-karaoke-nastavnichka-shto-rabotela-vo-severna-i-juzhna-koreja-spodeluva-zabavni-fakti-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg