Во Бангладеш има училници на брод и уште 7 забавни факти за училиштата ширум светот
Француските ученици во основно имаат најмалку училишни денови – 162. За споредба, во повеќето земји настава се одржува околу 180 денови годишно.
Целта на сите училишта ширум светот е иста. Но, во зависност од државата, овие установи имаат разни правила и норми преку кои ја стигнуваат оваа цел.
Во продолжение неколку забавни факти за училиштата ширум светот:
Учениците во Јужна Кореја се грижат за хигиената во училиштето
По завршувањето на училишниот ден, учениците во Јужна Кореја остануваат уште половина час за да ги исчистат нивните училници.
Со ова, децата учат одговорност уште од најрана возраст и стануваат свесни дека тие се одговорни за нивниот неред.
Слична практика има и во јапонските училишта.
Во Финска децата тргнуваат на училиште на 7-годишна возраст
Децата во Финска тргнуваат во прво одделение откако ќе наполнат седум години.
Пред да тргнат на училиште, децата одат во градинка и забавиште каде што приоритет се нивните здравје и среќа.
Во Бангладеш има училници на бродови
Во Бангладеш има таканаречени училишта на бродови. Ова е проект на невладина организација со цел да им се обезбеди соодветно образование на дечињата од посиромашните рурални средини во кои одењето на училиште е отежнато од разни фактори.
Наводно, постојат 23 вакви бродови во Бангладеш кои секое утро ги собираат децата од разни локации.
На првиот училишен ден, германските ученици добиваат интересен подарок
Тргнувањето во прво одделение е важен момент од животот на секое дете, а во Германија се обрнува многу внимание на ова.
Сите првоодделенци на првиот школски ден добиваат конус од хартија во кој има подароци како чоколатца и школски прибор.
Оваа традиција почнала во 18-тиот век и се негува до денес.
Во Иран, момчињата и девојчињата учат во посебни училишта
Во основно и средно училиште, машките и женските ученици во Иран се одделени. И тоа, не во различни училници, туку во различни училишта.
Исто така, обично на женските ученици им предаваат женски наставници, а на машките – машки.
Во Франција учениците добиваат обилни оброци
Во француските училишта, учениците добиваат навистина обилен ручек.
Прво почнуваат со салата, па топол оброк со кој обично следува уште една салата. Учениците добиваат и свеж багет, а можат да пијат само вода - никако сокови.
Потоа следува и десерт.
Скоро сите ученици во Јапонија учат пливање
Според Јапонците, пливањето е многу добра физичка активност, па скоро сите ученици одат на пливање во склоп на училиштето.
Околу 72% од основните училишта во Јапонија имаат базени, а пливањето е популарно меѓу учениците дури и за време на распуст. Поради ова, повеќето базени се достапни за учениците дури и кога нема настава.
Учениците во Франција имаат најмалку училишни денови
Во повеќето држави, во просек, учениците одат на училиште околу 180 денови, но во Франција овој број е многу помал.
Во некои основни училишта во Франција, најмногу во руралните средини, наставата се одржува само четири дена во неделата. Ова значи дека овие ученици имаат 144 училишни денови на годишно ниво.
Во останатите училишта настава се одржува 4,5 денови – во еден ден од неделата се одржуваат половина од часовите. Кај овие училишта, учениците имаат околу 162 училишни денови.
Спирова С. | Црнобело