Факти за телохранителот на Измамникот од Тиндер, Питер - тврди дека и тој бил жртва и бара милионска отштета
„Филмот не го прикажува точно и тој е жртва на измамите на Сајмон“ – тврдат адвокатите на Питер, телохранителот на Измамникот од Тиндер, познат како Сајмон Левиев. Тие го тужат Netflix и бараат милионска отштета за нарушен углед и нанесена душевна болка.
Документарниот филм на Netflix, The Tinder Swindler го освои светот, а во него се говори за измамникот Сајмон Левиев, односно Шимон Хајут кој на Тиндер барал жртви и од нив со помош на измама успеал да „заработи“ околу 10 милиони долари.
Прочитајте и Лажел девојки дека е милијардер и ги ограбувал, а бил само пет месеци во затвор – Каде е денес и што прави измамникот од Тиндер?
Освен Сајмон Левиев и трите девојки што тврдат дека се измамени од него Сесилија Фјелхорн, Пернила Сјохолм и Ајлин Шарлоте, во филмот мошне застапен е и ликот на телохранителот на Сајмон, Питер, за кого се наведува дека најверојатно е вклучен во измамата.
На крајот на филмот се вели дека Питер воопшто не одговарал за делата, а деновиве во полските медиуми, се објавени повеќе факти и податоци за телохранителот за кого нема премногу информации во филмот.
Според филмот, Питер е десна рака на измамникот Шимон, односно Сајмон и со помош на неговите фотографии од повреди, Сајмон двапати успева да изнуди илјадници евра од сопствените жртви.
Што знаеме за телохранителот Питер и дали тој е учесник во измамата или исто така е жртва на добро разработената шема на измамникот?
Во продолжение проследете повеќе информации што досега биле објавени за Питер:
По објавувањето на филмот The Tinder Swindler во полските медиуми се појави информацијата за тоа кој е таинствениот телохранител на Сајмон Левиев, Питер. Станува збор за извесен Пјотр К. кој во повеќе наврати се огласи преку својот адвокат.
Пјотр К. по потекло е од Полска, каде документарниот филм на Netflix деновиве е вистински хит. Речиси целиот свет имаше можност да ги види неговите фотографии и видео снимки што трите измамени жени ги приложија за снимањето на филмот.
Според медиумите во Полска, Пјотр по објавувањето на филмот поднел тужба против Netflix, затоа што неговите фотографии и видео снимки биле користени без дозвола. Според објавата на неговиот адвокат, Пјотр од стриминг гигантот бара отштета од 3 милиони евра и јавно извинување, а засега нема никаков одговор од Netflix по однос на ова прашање.
Пјотр во моментов бара 2 милиони долари за душевната болка што ја претрпел и уште 1 милион долари затоа што по филмот веќе не е во можност да работи како обезбедување на лица и имот.
#tinderswindler
— Nonke Mabizela (@nonkem) February 7, 2022
And the Best Supporting Actor Award in a movie goes to:
Peter 🤣🤌🙌 pic.twitter.com/RrQZfI36sy
Netflix најави дека освен мега-популарниот документарен филм, има намера да направи и нови мини-серии насловени You Can't Make This Up, од кои првата епизода ќе биде сконцентрирана само на идентитетот на телохранителот Питер и Авичеј, деловниот партнер на Сајмон и пријател од детството.
Адвокатите на Питер тврдат дека нивниот клиент воопшто не бил вклучен и немал никакви информации за измамите на Сајмон и дека заради тоа не треба да биде поврзуван со измамите на каков било начин.
Да се потсетиме, на крајот на филмот, третата жртва Ајлин вели дека Сајмон ѝ рекол дека Питер си заминал за да работи со непријателот и го оставил. Дали си заминал откако Сајмон не можел да му плати или избегал затоа што сфатил дека шемата за измами се отплеткува, останува да видиме.
Прочитајте Факти за Сесилија, жртвата на измамникот од Тиндер, која уште ги отплаќа долговите
Б. С. Б. | Црнобело