Браковите се договорени, но и неопходни за преживување – суровите услови за живот на Инуитите

Бидејќи никој не може да преживее сам во суровите услови каде што живеат Инуитите, кај нив браковите се неопходност. Истовремено, тие ги склучуваат браковите речиси веднаш откако ќе се роди личноста. 

brakovite-se-dogovoreni-no-i-neophodni-za-prezhivuvanje-zabavni-fakti-za-inuitite-01.jpg

Инуитите се група луѓе кои се поделени на неколку племиња со слична култура и живеат на Арктикот, Гренланд, како и делови од Канада и Аљаска.

Овој народ се адаптирал на навистина сурови временски услови, па нивниот начин на живот е поразличен од сè што сме виделе досега.

Во продолжение неколку забавни факти за животот на Инуитите и нивната култура:

Носат облека и чевли од крзно

Крзното и кожата се главните материјали од кои Инуитите ги изработуваат нивните облека и чевли.

Обично нивните крзнени чизми имаат мек ѓон кој им овозможува да се движат полесно и потивко. Бидејќи живеат на места каде што е многу ладно, Инуитите речиси постојано ги носат овие чизми, па тие се и многу поудобни од чизмите што ги носиме ние.

Нивните чизми се и многу лесни – тежат нешто помалку од половина килограм. За споредба, кожните зимски чизми со дебел ѓон (како Dr. Martens) можат да тежат и повеќе од еден килограм.

Нивната традиционална облека најчесто е изработена од кожа од фока. Облеката ја сочинуваат дебела бунда, панталони и ракавици.

brakovite-se-dogovoreni-no-i-neophodni-za-prezhivuvanje-zabavni-fakti-za-inuitite-02.jpg

Бракот е неопходен за преживување

Во културата на Инуитите, бракот не е избор, туку повеќе е потреба и е неопходен за преживување. Мажот и жената заедно се справуваат со суровите услови за живот и си помагаат бидејќи е речиси невозможно некој да преживее сам во таква околина.

Бидејќи на секоја личност ѝ треба сопружник за да преживее, неретко браковите се договараат веднаш откако ќе се роди личноста.

Нормално, постојат и бракови склучени од љубов, но се поретки.

Иако културата на овој народ ја дозволува и полигамијата, ова е ретка појава - за мажите е практично невозможно да се грижат за две сопруги.

brakovite-se-dogovoreni-no-i-neophodni-za-prezhivuvanje-zabavni-fakti-za-inuitite-03.jpg

Исхраната им се состои од месо, а делењето храна со другите е норма

Бидејќи немаат услови за одгледување овошје и зеленчук, Инуитите генерално се хранат со месо и риба. Едно од нивните традиционални јадења се нарекува „мактак“ и е всушност замрзната кожа од кит со сало.

Интересно е што овој „монотон“ начин на исхрана веројатно би бил штетен за многу луѓе бидејќи не се внесуваат голем број хранливи состојки, но за Инуитите не претставува никаков проблем.

Овие луѓе сами ја ловат нивната храна, а имаат обичај по секој лов да го делат месото со заедницата.

Неретко помладите парови ловат и ја делат храната со нивните родители или постарите членови на групата. Со ова, не само што се обезбедува доволно храна за сите, туку и луѓето се зближуваат.

Според верувањата на Инуитите, штом ќе поделите храна со некого, тогаш сте пријатели за цел живот.

brakovite-se-dogovoreni-no-i-neophodni-za-prezhivuvanje-zabavni-fakti-za-inuitite-04.jpg

Имаат посебен начин на поздравување

Веројатно сте слушнале за таканаречениот „ескимски бакнеж“. Иако постои верување дека овој поздрав е само допирање на носовите, ескимскиот бакнеж, односно поздрав изгледа малку поразлично.

Овој поздрав не е од романтична природа, туку со него се искажува сочувство и наклонетост кон некоја личност.

Бакнежот е познат како „ескимски“, но за Инуитите зборот „Еским“ е навредлив, па преферираат „инуитски бакнеж“.

И Инуитите сакаат да се облекуваат убаво

Веќе спомнавме дека облеката на Инуитите е изработена од кожа и крзно, но и тие обрнуваат внимание на нејзиниот изглед.

Неретко тие ја бојат облеката, комбинираат неколку видови кожа, изработуваат везови…

brakovite-se-dogovoreni-no-i-neophodni-za-prezhivuvanje-zabavni-fakti-za-inuitite-05.jpg

Хаска кучињата се важен дел од нивните животи

За транспорт, Инуитите користат санки што ги влечат кучиња. Овие кучиња се од расата хаска и се одгледуваат за транспорт.

Хаските на Инуитите се многу силни, можат да ги издржат суровите временски услови, па веќе се важен дел од животот на овој народ.

brakovite-se-dogovoreni-no-i-neophodni-za-prezhivuvanje-zabavni-fakti-za-inuitite-06.jpg

Инуитите градат два вида куќи

Зборот иглу е всушност инуитски збор за „куќа“ и за Инуитите ова се привремени живеалишта.

Тие обично ги градат овие живеалишта во зимските месеци кога одат на лов. Поради структурата, иглуто ги штити Инуитите од силните ветришта, но и од студот – температурата во оваа градба може да се искачи и до 16 степени, само од топлината на нивните тела.

Инуитите имаат и друго живеалиште – „јаранга“ – кое е всушност шатор со дрвена рамка покриена со кожа.

brakovite-se-dogovoreni-no-i-neophodni-za-prezhivuvanje-zabavni-fakti-za-inuitite-07.jpg

Сите се грижат за бремените жени

Со цел бременоста да помине што е можно подобро и да се намали ризикот за спонтан абортус, Инуитите вода многу добра грижа за бремените жени.

Жената не смее да биде изложена на никаков стрес и не треба да се заморува физички. Наводно, мажот дури не смее ни да ѝ се налути на сопругата додека е бремена, за да не ѝ предизвика стрес.

Инуитите неретко јадат и живо месо, но ова е забрането за бремените жени. Па, тие јадат само варено или печено месо. Во некои заедници, дури и сопругот мора да го почитува ова правило додека трае бременоста.

Истовремено, најдобрите парчиња месо секојпат се чуваат за трудниците.

Иако не им се дозволува тешка физичка работа, со цел породувањето да помине полесно, бремените жени се охрабрувани да се движат.

brakovite-se-dogovoreni-no-i-neophodni-za-prezhivuvanje-zabavni-fakti-za-inuitite-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anat... Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џаст...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg