Истражувачи ја убиле најстарата школка на Земјата - Тажни, но вистинити факти
Луѓето кои се зависни од купување се во врвот на осаменоста и со тоа се обидуваат да ја пополнат празнината.
Понекогаш незнаењето е благослов.
Но, ако сте од оние љубопитните кои секогаш сакаат да дознаат нешто повеќе, нема да се сложите со оваа изјава.
Овие факти се за вас:
- Постојат над 500 изумрени јазици кои веќе не се зборуваат и изучуваат, поради што постои опасност засекогаш да бидат заборавени.
- Во 1992-ра година научниците го открија најосаменото суштество на Земјата. Се работи за кит кој веќе 2 децении си повикува партнер, но бидејќи комуницира на фреквенција која не ја користи ниту еден друг кит, досега не добил одговор.
- Во 2006-та година, тим научни истражувачи од Исланд собирале школки, како би ги проучиле ефектите на климатските промени. Ги замрзнале школките, што на крајот ги убило. Подоцна откриле дека ја убиле најстарата позната школка која останала жива, под назив Минг, која имала 507 години.
- Истражувања од Холандија покажуваат дека луѓето кои се зависни од купување се во врвот на осаменоста и со тоа се обидуваат да ја пополнат празнината.
- Над 700 милиони луѓе живеат во области без пристап до вода или живеат во области каде другите можат да купат вода, но тие не можат да си дозволат.
- Ако гризли мајката роди едно младенче, честопати знае да го напушти. Тие би сакале да имаат повеќе младенчиња во леглото и попрво би пробале да се парат наредна година повторно, отколку да се грижат само за едно.
- Џиновските панди, пак, имаат спротивен проблем. Ако родат повеќе младенчиња, често не можат да се грижат за повеќе бебиња и мора да одберат само едно како би преживеале.
М. Д. | Црнобело