„Првиот знак на човечката глупавост е целосниот недостаток на срам“ – Мудри мисли од Фројд за животот, љубовта и сексот

„Колку повеќе човекот е совршен однадвор, толку повеќе демони носи во себеси“ – рекол основоположникот на модерната психоанализа Зигмунд Фројд. Проследете 15 негови цитати што ќе ви помогнат подобро да се запознаете себеси, но и луѓето околу вас.

prviot-znak-na-chovechkata-glupost-e-celosniot-nedostatok-na-sram-petnaeset-citati-od-frojd-01.jpg

За Зигмунд Фројд (1856 - 1939) се вели дека е татко на психоанализата.

Неговите цитати често се споделуваат и на социјалните мрежи, а во голема мера кога ќе погледнеме некои од неговите мудри мисли, тие како да носат универзална вистина што е прифатлива и по речиси 100 години.

Без да навлегуваме премногу во неговите учења, накратко само ќе кажеме дека австрискиот психоналаитичар зад себе оставил над 15 трудови што и до денес се користат во науката. Тој ги поставил темелите на психонализата како наука.

Во продолжение проследете 15 негови цитати:

1. Пред да си поставите самите дијагноза за депресија или за намалена самодоверба, осигурајте се дека не сте опкружени со будали;

2. Во мигот кога човекот ќе почне сериозно да размислувате за смислата и вредноста на животот, можете да го сметате за лудак;

3. Првиот знак на човечката глупост е целосниот недостаток на срам;

4. Она што го правите во кревет е совршено и апсолутно прифатливо. Само доколку и двете страни уживаат;

5. Комплетниот недостаток на секс е единственото нешто што може да се смета за сексуална девијација. Сѐ друго е само прашање на вкус;

6. Идеалната, вечна љубов, ослободена од омраза, постои само помеѓу зависникот и неговата дрога;

7. Колку повеќе човекот е совршен однадвор, толку повеќе демони носи во себеси;

8. Да бидете во целост искрени со себеси е добра вежба;

9. Соништата се најдлабоки, кога ви се чинат најлуди;

10. Претпоставувам дека романтичната љубов била измислена како брилијантна алатка за заведување;

11. Како што не можете некого да натерате да не верува во нешто, не можете ниту да го натерате да престане да верува;

12. Ако некоја личност не ви се допаѓа, тоа е така затоа што најчесто ве потсетува на нешто што не го сакате кај себеси;

13. Единствената личност со која што треба да се натпреварувате сте самите вие во минатото;

14. Неискажаните емоции никогаш не умираат. Тие се потиснати живи и ќе излезат подоцна на најлош начин;

15. Не ги избираме луѓето случајно. Ги среќаваме само оние што веќе живеат во нашата потсвест.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg