„Јас не сум Пепелашка па да чистам“: Искрени детски изјави што сигурно ќе ве насмеат
„Па… излезе дека тета ѝ е сестра на мама. Светот е навистина мал…“
Алиса Ковит е наставничка која сфатила дека во малите деца се кријат многу мудрости и бисери, па си дала задача внимателно да ги слуша и да ги споделува нивните пораки со целиот свет.
Таа направила и Инстаграм профил кој веќе има над половина милион следбеници каде што редовно споделува детски мудрости.
На почетокот Алиса споделувала само цитати од нејзините ученици, но сега добива пораки од родители и наставници од целиот свет кои сакаат да ги споделат мудростите што ги чуле од дечињата.
Алиса вели дека наставниците, но и сите возрасни, мораат да ги сфаќаат децата сериозно, дури и кога зборуваат навидум бесмислени работи, бидејќи неретко кажуваат навистина интересни работи.
Во продолжение дел од најинтересните цитати од дечиња:
„Не сакам да носам крофни на училиште бидејќи ми е роденден. МЕНЕ ми е роденден. Другите треба МЕНЕ да ми донесат крофни“ – Колтон, 5 години
„Никогаш нема да се венчам. Побарајте ме кога ќе имам 40 години – ќе бидам во Италија со 100 хрчаци и ќе бидам најсреќен“ – анонимен ученик, 10 години
„Имам премногу прегратки во мене и сакам да ги раздадам“ – Астрид, 3 години
„Го прочитав текстот, ама заборавив да го разберам“ – Макс, 11 години
„Па… излезе дека тета ѝ е сестра на мама. Светот е мал“ – Робин, 4 години
„А, што велите да се преправаме дека сум алергичен на луѓе и дека не сакам да зборувам со никого до крајот на денот?“ – анонимен ученик, 5 години
„Не сакам да пораснам бидејќи тогаш ќе треба да одам на работа и никогаш да не се забавувам“ – Оливер, 5 години
„Откако ќе си легнам, мама мисли дека се искраднува, но можам да ја слушнам како јаде чипс цела вечер“ – Грејси, 8 години
„Кога бев во доцните трети години од животот, ми се допаѓаше девојче по име Дилан“ – Тачер, 5 години
„Губам контрола кога ќе видам кашкавал“ – анонимен ученик, 6 години
„Вчера јадев вистинска храна, па денес сакам само сладолед“ – Картер, 4 години
„Ќе се венчам со Вилијам. Тој е смешен, а тоа е важно во бракот“ – Адисон, 5 години
„Моите омилени празници се Божиќ и петок“ – анонимен ученик, 8 години
„Нема да чистам. Јас не сум Пепелашка“ – Лили, 5 години
Спирова С. | Црнобело