Просечна висина е 181cm, на мажите им прават лузни - Факти за највисокото африканско племе Динка

Тие се најголемото племе во Јужен Судан, но и највисокиот народ во цела Африка.

prosechna-visina-e-181cm-na-mazhite-im-pravat-luzni-fakti-za-najvisokoto-afrikansko-pleme-dinka-01.jpg

Народот Динка е етничка група од Јужен Судан која брои неколку милиони луѓе. Поголемиот дел од овие луѓе живеат покрај реката Нил и се занимаваат со сточарство.

Нивниот начин на живот нема скоро никаков допир со модерното општество на коешто сме навикнати, но токму ова го прави Динка народот уникатен и посебен.

Овие луѓе си имаат свои верувања и традиции, свои правила на живот и филозофии и навистина живеат многу поразлично од што можеме и да си замислиме.

Во продолжение неколку забавни факти за нив:

Тие се највисоките луѓе во Африка

Заедно со уште едно племе од Руанда, народот Динка се смета за највисокиот во Африка. Според мерења од 1950-тите, просечната висина на мажите била 182,6 сантиметри, а на жените – 181,3 сантиметри.

За жал, понови податоци покажуваат дека просечната висина на народот Динка се намалува – според мерења од 1995 година, овој број изнесувал 176 сантиметри.

Експертите сметаат дека причината за ова намалување е неисхранетост, како и многуте воени конфликти на местата каде што живеат овие луѓе.

prosechnata-visina-na-mazhite-i-zhenite-e-181-santimetar-zabavni-fakti-za-dinka-najvisokoto-pleme-vo-afrika-02.jpg

Најверојатно за нивната висина е одговорна исхраната

Постојат многу теории за тоа зошто Динка народот е толку висок, а повеќето експерти се согласуваат дека причината е нивната исхрана. Овие луѓе претежно јадат органска храна и млеко.

Сепак, некои експерти сметаат дека станува збор само за гени, бидејќи околу нив имало и други народи со генерално иста исхрана, а кои не се толку високи.

prosechnata-visina-na-mazhite-i-zhenite-e-181-santimetar-zabavni-fakti-za-dinka-najvisokoto-pleme-vo-afrika-03.jpg

Еден од највисоките кошаркари во светот потекнува од племето Динка

Со висина од 2,31 метар, Мануте Бол е еден од највисоките кошаркари во историјата на спортот. Тој е роден во 1962 година во Судан, а неговиот татко бил поглавар на едно од племињата на Динка народот.

Мануте почина во 2010 година.

prosechnata-visina-na-mazhite-i-zhenite-e-181-santimetar-zabavni-fakti-za-dinka-najvisokoto-pleme-vo-afrika-04.jpg

Тие се најголемото етничко племе во Јужен Судан

Според податоци од 2008 година, Динка народот го сочинуваат околу 4,5 милиони луѓе, а тоа го први најголемата етничка група во Јужен Судан.

Тие се поделени на многу независни групи, или племиња со по 1.000-30.000 луѓе.

prosechnata-visina-na-mazhite-i-zhenite-e-181-santimetar-zabavni-fakti-za-dinka-najvisokoto-pleme-vo-afrika-05.jpg

Групите можат да имаат различни религиски верувања

Иако разните групи можат да имаат различни религиски верувања, повеќето се монотеисти и веруваат во богот Nhialic. Според Динка народот, нивниот бог привремено ги опседнува телата на луѓето за да зборува преку нив.

Еден од главните религиски ритуали е принесување жртва на нивниот бог, најчесто вол.

Интересно е што Динка народот не се моли на идоли или слика од нивниот бог, туку се свртува кон природата. Според нив, божествената моќ не доаѓа од тотеми, туку од самата природа.

prosechnata-visina-na-mazhite-i-zhenite-e-181-santimetar-zabavni-fakti-za-dinka-najvisokoto-pleme-vo-afrika-09.JPG

Машките деца си прават лузни на челото кога „стануваат мажи“

Во некои групи на Динка народот, кога машките деца ќе стигнат одредена возраст, се прави посебен ритуал со кој се означува мигот кога стануваат мажи.

На машките деца им се прават засеци на целото со остар предмет кои потоа им оставаат лузни.

Наводно, некогаш и жените си прават вакви лузни.

prosechnata-visina-na-mazhite-i-zhenite-e-181-santimetar-zabavni-fakti-za-dinka-najvisokoto-pleme-vo-afrika-06.jpg

Главна „професија“ им е одгледувањето крави

Динка народот е најпознат по одгледувањето крави и ова е нивното главно занимање.

Некои групи се и еден вид номади, односно заедно со добитокот се преселуваат на друго место во одредени сезони.

Околу месец мај, кога почнува дождовната сезона, тие се во нивните постојани живеалишта. Кога почнуваат сушите, околу декември, целото племе - освен многу старите, болните и мајките со бебиња - се упатуваат кон привремени живеалишта каде што има доволно храна за добитокот.

Покрај сточарството, тие се занимаваат и со агрикултура.

prosechnata-visina-na-mazhite-i-zhenite-e-181-santimetar-zabavni-fakti-za-dinka-najvisokoto-pleme-vo-afrika-07.jpg

Политиката не постои за нив

Како што напоменавме, Динка народот е поделен на многу независни, но обично поврзани групи, односно кланови. Тие немаат главен лидер, но некои од клановите имаат поглавар.

Овој поглавар нема апсолутна моќ и само некогаш може да истапи како лидер на кланот. Оваа функција е наследна, но не секогаш.

prosechnata-visina-na-mazhite-i-zhenite-e-181-santimetar-zabavni-fakti-za-dinka-najvisokoto-pleme-vo-afrika-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg