100 највредни животни лекции (втор дел)
Ако го пропуштивте првиот дел, пред да продолжите да читате понатаму, вратете се на него и проследете ги првите 50 животни лекции ТУКА.
Потоа, може да ја дополните листата со останатите животни лекции кои ќе ви помогнат да живеете полесен, поедноставен и посреќен живот:
- Не го чекајте совршениот момент. Не постои.
- Не дозволувајте денот да ви помине без барем еднаш да се насмеете од срце.
- Научете да уживате во сопственото друштво.
- Водете сметка за туѓите емоции и внимателно бирајте ги зборовите, за утре да не се каете.
- Не постои таа количина на пари која може да ви ги плати вашите нерви.
- Какви ви се мислите – таков ви е животот.
- Радувајте се на ситниците.
- Останете дете во душата.
- Научете да дишете правилно. Тоа ќе ве спаси во многу стресни ситуации.
- Контролирајте го своето его.
- Никогаш не се согласувајте на дружење со просечни луѓе, завршувањето на здодевни работи и испивање на оладено кафе.
- Не се менувајте поради другите.
- Минатото не можете да се промени.
- Добрите работи им се случуваат на добрите луѓе.
- Чистата совест нема цена.
- Секоја личност која ја среќаваме во животот, има цел зошто е тука.
- Легнувајте си на време.
- Но, не си легнувајте доколку сте во кавга со личноста до која треба да спиете.
- Успешниот брак вреди повеќе од успешната кариера.
- Поставете си високи цели.
- Секогаш зборувајте помалку од потребното.
- Не ги издавајте вашите планови на сите.
- Не ветувајте нешто што не можете да исполните.
- Поминете повеќе време со луѓето кои прават да се чувствувате вредни и сакани.
- Вдомете си милениче.
- Решавајте ги проблемите веднаш.
- Бидете искрени кон себе.
- Вашата среќа нека биде на прво место.
- Ценете го она што го имате.
- Сами создавајте ја вашата среќа, бидејќи никој нема да го направи тоа наместо вас.
- Радувајте се на туѓите успеси.
- Патувајте.
- Научете нешто ново и убаво секој ден.
- Патувајте уште повеќе.
- Поставете си проритети во својот живот.
- Бидете свесни за одлуките кои ги носите.
- Престанете да си кажувате негативни зборови.
- Поздравете ги непознатите на улица.
- Бидете умерени во сите работи.
- Пофалете ги другите.
- Не ги судете луѓето додека не ги запознаете.
- Пронајдете хоби кое ве исполнува.
- Важен е квалитетот, не квантитетот.
- Опуштете се. Во животот 99% од работите се решливи.
- Рутината не е добра.
- Во животот има 4 важни правила: мудрост, правда, храброст и насоченост.
- Препреките ве прават посилни.
- Оној кој не гледа и не мисли што прави комшијата, штеди многу време.
- Најдобра одмазда е да не бидете како непријателот.
- Кој постапува злонамерно – сам си прави зло.
М. Д. | Црнобело