100 највредни животни лекции (прв дел)
Добриот живот започнува од оној момент кога ќе почнете да ги применувате овие правила...
Во својот есеј „За среќниот живот“, филозофот Марк Вербург ги собрал 100-те најзначајни животни лекции кои и самиот ги применувал.
- Денот започнете го во 7 часот. Ќе бидете дупло попродуктивни.
- Поставете си го прашањето – Дали ја користам технологијата или сум зависен од неа?
- Заборавете на крајната цел – фокусирајте се на малите победи.
- Научете да кажете не.
- Читајте.
- Избегнувајте да слушате вести, посебно црна хроника.
- Не се споредувајте со другите.
- Пишувајте дневник.
- Вежбајте и шетајте често.
- Верувајте во добар исход.
- Мислете позитивно.
- Натерајте се себеси да станете после секој пораз.
- Не зборувајте многу, правете го она што го сакате.
- Научете дека не сите луѓе се исти. Сосема е во ред да не мислат сите како вас.
- Не губете време со луѓе на кои сте им само опција, а не приоритет.
- Одвреме-навреме, поставете си предизвик.
- Правете по едно добро дело секој ден.
- Секоја приказна има две страни. Сами одберете ја страната.
- Успехот е еднакво што и упорноста.
- Не ги оставајте работите недовршени.
- Ако сакате да се чувствувате добро, мора да ги правите работите со чисто срце.
- Погледнете се во огледалото и кажете си: Животот ме сака. И верувајте во тоа.
- Верувајте дека сите работи во животот се случуваат со причина.
- Што и да правите, дајте 110 проценти од себе.
- Не дозволувајте другите да ве убедат дека нешто не можете.
- Слушајте ги луѓето внимателно, никогаш не знаете што може да научите од нив.
- Не постои ништо подобро од квалитетно потрошено време.
- Секој има свој животен пат.
- Никогаш не е предоцна да започнете нешто ново.
- Научете да уживате во сегашниот момент. Никогаш нема да се врати.
- Сите ние сме она шо го правиме.
- Не се стегајте дали да го кажете своето мислење.
- Застанете одвреме-навреме и размислете дали сте на патот кој сакате да го одите.
- Мотивациските книги се од голема помош.
- Престанете да барате скратени патчиња до успехот.
- Опкружете се со позитивни луѓе.
- Простувајте.
- Смејте се често.
- Медитирајте.
- Интуицијата никогаш не греши.
- Поминувајте време со децата.
- Делата нека зборуваат наместо вас.
- Кажете им на другите колку ги сакате. Само кога ширите љубов – таа се враќа.
- Трудете се секој ден да бидете најдобрата верзија од себе.
- Бидете автентични.
- Не бидете престроги кон себе.
- Секоја негативна мисла која ќе се појави – потиснете ја со една позитивна.
- Исфрлете ги од животот луѓето кои ви ја црпат енергијата.
- Направете план на почетокот на секоја година. Дефинирајте што сакате да исполните.
- Не се осветувајте, тоа е работа на кармата.
Вториот дел со уште 50 лекции очекувајте го наскоро...
М. Д. | Црнобело