Најстариот хотел што работи е отворен пред 1.316 години - несекојдневни факти кои ќе ве изненадат
21 век е век на нови технологии, знаења и идеи. Секој ден изобилува со нови напредоци во научната област, а „копјето“ на знаењето и истражувањето се фрла уште подалеку.
Нашите работни обврски се зголемуваат, и како што изгледа - времето се намалува.
Никогаш не е доцна да се научи нешто ново и да се прошират знаењата.
Со таа цел, во продолжение за вас подготвивме низа по малку чудни, но секако интересни факти за светот кој нѐ опкружува:
1. Во текот на еден просечен живот, човекот ги витка и исправува своите прсти на рацете најмалку 25 милиони пати.
2. Зборот „погача“ потекнува од латинскиот јазик (panis focacius) и истиот се среќава кај речиси сите балкански јазици, како и кај германскиот. Буквално преведен, латинскиот израз значи леб печен на огниште или во фурна.
3. Kралската кобра се храни само со други змии, вклучувајќи ги и отровните. Некогаш овие змии јадат и друга храна, како гуштери, но генерално исхраната им се состои од други змии.
4. Буквално сите луѓе имаат уникатен мирис кој зависи од многу фактори, вклучувајќи ја и генетиката. Дури и еднојајчените близнаци имаат различни мириси.
5. Тајсон е име на неславен лебед од Англија кој го напаѓа секој човек што ќе се осуди да стапне на неговата територија.
6. Кога човечкото око би било дигитален фотоапарат, тој би имал 576 мегапиксели.
7. Во првата (изворна) верзија на „Пепелашка“ таа била грчка робинка која се омажила за крал во Египет.
8. Бурекот изеден за појадок ќе биде потполно сварен и исфрлен од организмот дури следниот ден.
9. Човечкиот глас може да скрши стаклена чаша, но само ако таа има мали, микроскопски дефекти. Сепак, за овој подвиг потребен е многу силен глас, како и услогласување на резонанцијата на чашата и гласот.
10. Просечен работник во McDonald’s за 7 месеци ќе заработи толку пари колку што неговиот директор заработува за еден час.
11. Само 8% од парите во светот се всушност вистински и можат да се допрат, а останатиот процент на пари е во електронска форма.
12. Најстариот хотел на светот (кој сѐ уште работи) е Nisiyama Onsen Keiunkan Yamanashi, во Јапонија, а отворен е во дамнешната 705 година.
13. На горниот очен капак човекот има околу 150 трепки, а на долниот околу 80.
14. На 1 ноември, Денот на мртвите, Мексиканците на гробовите на покојните носат храна и пијалак, а во пекарите можат да се најдат колачиња во облик на череп или гробници.
Мила М. | Црнобело