Добил доживотна казна затвор од црквата, неговите прсти ги чува колекционер – забавни факти за Галилео Галилеј

Добил доживотна казна затвор од Католичката црква

Коперник бил осуден за ерес поради тврдењето дека Земјата не се наоѓа во центарот на универзумот, туку дека кружи околу Сонцето. Ова се противело на верувањата на црквата, но и на скоро сите од тој период. 

Галилео го поддржувал тврдењето на Коперник бидејќи и самиот го набљудувал небото и дошол до истиот заклучок.

Наводно, тој добил дозвола од црквата да ги истражува идеите на Коперник, но само под услов да не ги потврдува или брани.

По ова астрономот издал труд напишан како дијалог помеѓу пријатели кои ги дискутираат идеите на Коперник.

Црквата го сфатила ова како бранење на коперниковите теории, па Галилео бил обвинет за ерес и добил доживотна казна затвор.

05.JPG

Остатокот од животот го поминал во домашен притвор

Првично Галилео требало да го помине животот во ќелија, но подоцна му дозволиле да живее во домашен притвор.

Последните години од животот ги поминал во вила во близина на Фиренца и му било забрането да издава научни трудови и да добива посети.

Сепак, астрономот бил посетуван од поети, филозофи и други важни личности, а успеал и да напише нов труд за физика и математика. Книгата била издадена во Холандија, во периодот кога Галилео го изгубил својот вид.

Тој починал на 8 јануари 1642 година, на 77-годишна возраст.

06.JPG

Делови од неговото тело се сочувани до денес

По смртта, Галилеј бил погребан покрај црква во Фиренца. Околу еден век подоцна, неговите останки биле преместени, при што биле отстранети три негови прсти, пршлен и заб.

Двата прста и забот биле чувани од негови обожаватели, но околу 1900-тите биле изгубени.

Но, во 2009 година двата прсти и забот се појавиле на аукција и ги купил приватен колекционер. Еден период прстите беа изложени и во Научниот музеј во Фиренца.

Третиот прст – средниот прст од десната рака – бил во неколку музеи во Италија на почетокот од 1800-тите, но наводно сега не се знае каде е.

07.JPG

НАСА крсти летало во негова чест

Галилео открил четири од месечините на Јупитер – Калисто, Европа, Ио и Ганимед – кои се познати и како Галилејски месечини.

Во 1989 година НАСА испрати леталото до Јупитер и го крсти во негова чест, односно Галилео.

08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg