Добил доживотна казна затвор од црквата, неговите прсти ги чува колекционер – забавни факти за Галилео Галилеј
Добил доживотна казна затвор од Католичката црква
Коперник бил осуден за ерес поради тврдењето дека Земјата не се наоѓа во центарот на универзумот, туку дека кружи околу Сонцето. Ова се противело на верувањата на црквата, но и на скоро сите од тој период.
Галилео го поддржувал тврдењето на Коперник бидејќи и самиот го набљудувал небото и дошол до истиот заклучок.
Наводно, тој добил дозвола од црквата да ги истражува идеите на Коперник, но само под услов да не ги потврдува или брани.
По ова астрономот издал труд напишан како дијалог помеѓу пријатели кои ги дискутираат идеите на Коперник.
Црквата го сфатила ова како бранење на коперниковите теории, па Галилео бил обвинет за ерес и добил доживотна казна затвор.
Остатокот од животот го поминал во домашен притвор
Првично Галилео требало да го помине животот во ќелија, но подоцна му дозволиле да живее во домашен притвор.
Последните години од животот ги поминал во вила во близина на Фиренца и му било забрането да издава научни трудови и да добива посети.
Сепак, астрономот бил посетуван од поети, филозофи и други важни личности, а успеал и да напише нов труд за физика и математика. Книгата била издадена во Холандија, во периодот кога Галилео го изгубил својот вид.
Тој починал на 8 јануари 1642 година, на 77-годишна возраст.
Делови од неговото тело се сочувани до денес
По смртта, Галилеј бил погребан покрај црква во Фиренца. Околу еден век подоцна, неговите останки биле преместени, при што биле отстранети три негови прсти, пршлен и заб.
Двата прста и забот биле чувани од негови обожаватели, но околу 1900-тите биле изгубени.
Но, во 2009 година двата прсти и забот се појавиле на аукција и ги купил приватен колекционер. Еден период прстите беа изложени и во Научниот музеј во Фиренца.
Третиот прст – средниот прст од десната рака – бил во неколку музеи во Италија на почетокот од 1800-тите, но наводно сега не се знае каде е.
НАСА крсти летало во негова чест
Галилео открил четири од месечините на Јупитер – Калисто, Европа, Ио и Ганимед – кои се познати и како Галилејски месечини.
Во 1989 година НАСА испрати леталото до Јупитер и го крсти во негова чест, односно Галилео.
Спирова С. | Црнобело