Тажната животна приказна на Одри Хепберн - 4 спонтани абортуси, афери и вистинската љубов на 50 години
Сепак, во 1968-мата година, тие одлучиле да се разведат.
По ова, Одри во 1968-та година ќе стапи во брак по вторпат за италијанскиот психијатар Андреа Доти, со кого ќе биде во брак 14 години и со кого ќе го добие вториот син Лука Доти на возраст од 39 години.
Сепак, овој брак цело време ќе биде проследен со низа скандали за неверства и во 1982-та година ќе се разведат.
Таа својата следна и последна голема љубов ќе ја запознае додека сè уште била во брак со Доти. Во 1980-тата година преку заеднички пријатели ќе го запознае вдовецот Роберт Волдерс кој бил бизнисмен и ТВ актер.
Според Волдерс, тие двајцата почнале да се состануваат додека таа била во брак со Доти, а кога таа му ја соопштила веста на сопругот дека има некој друг, тој наводно ѝ рекол:
„Изгледаш многу убаво, мора да си вљубена.“
Одри и Волдерс никогаш не стапиле во брак, но според неа, тоа што тие го имале било она „вистинското“.
„Се сеќавам дека таа на еден новинар му кажа дека вака е поромантично затоа што ова не е само уште едно парче хартија, туку нас нè врзува лојалноста“ – изјавил Волдерс во една прилика.
Парот останал заедно се до смртта на Одри во 1993-тата година, која почина на возраст од 68 години.
Прочитајте и Одри Хепберн го преживеала периодот на гладување: Интересни факти за легендарните актери
Б. С. Б. | Црнобело