Тажната животна приказна на Одри Хепберн - 4 спонтани абортуси, афери и вистинската љубов на 50 години

Два пропаднати бракови, четири спонтани абортуси, афери и неверства, Одри Хепберн вистинската љубов ја пронашла на 50 години...

odri-hepbern-po-dva-braka-i-4-spontani-abortusi-ja-pronashla-vistinskata-ljubov-ne-ne-vrzuva-parche-hartija-t.jpg

Како изгледаше тажната животна приказна на Одри Хепберн (1929 - 1993), жената што пленеше со својата убавина?

„Елеганцијата е единствената убавина што никогаш не бледнее“ – велеше познатата актерка Одри Хепберн.

Таа е британска актерка која ќе остане запаметена како симбол за елеганција и убавина и која се прослави во „златното доба“ на Холивуд. Таа беше миленичка на тогашната публика, а и до ден денес нејзиниот стил и модниот вкус во голема мера имаат влијание во светот на модата.  

odri-hepbern-po-dva-braka-i-4-spontani-abortusi-ja-pronashla-vistinskata-ljubov-ne-ne-vrzuva-parche-hartija-02.jpg

На филмското платно ги крадеше воздишките на публиката, а речиси никој и не знаеше со какви предизвици се соочува во секојдневниот живот, поради комплицираниот љубовен живот, борбата за потомство и воопшто животот како жена во тоа време.

odri-hepbern-po-dva-braka-i-4-spontani-abortusi-ja-pronashla-vistinskata-ljubov-ne-ne-vrzuva-parche-hartija-03.jpg

За неа се вели дека две романтични врски во целост го одбележале нејзиниот живот.

Откако го преживеала големиот глад за време на Втората светска војна, Одри Хепберн на 24-годишна возраст се стекнува со светска слава благодарение на улогата во филмот Roman Holiday од 1953-тата година.

odri-hepbern-po-dva-braka-i-4-spontani-abortusi-ja-pronashla-vistinskata-ljubov-ne-ne-vrzuva-parche-hartija-05.jpeg

Во тоа време таа ја запознава својата прва голема љубов, актерот и режисер Мел Ферер кој зад себе имал веќе два брака и 4 деца, а бил 12 години повозрасен од неа. Тие се запознале на забавата по повод филмот Roman Holiday во Обединетото кралство.

Следната година тие играле заедно во бродвејската претстава Ondinе, a потоа до0била и Оскар за улогата во Roman Holiday. Во тој период таа уште повеќе се вљубувала во Мел, па во 1954-тата година одлучиле да стапат во брак во интимна церемонија во Швајцарија.

odri-hepbern-po-dva-braka-i-4-spontani-abortusi-ja-pronashla-vistinskata-ljubov-ne-ne-vrzuva-parche-hartija-04.jpeg

Одри и Мел биле среќни во бракот, а во 1955-тата година заедно се појавиле во филмската адаптација на романот „Војна и мир“ на Лав Н. Толстој. 

Истата, 1955-та година Одри за првпат останала бремена, но имала спонтан абортус, а со вакви трагедии, за жал, убавата актерка ќе се соочува повеќепати во животот.

Во 1959-тата година, Одри повторно ќе има спонтан абортус откако паднала од коњ за време на снимањето на филмот The Unforgiven.

Во 1960-тата година на 17-ти јули таа ќе го роди синот Шон Хепберн Ферер, откако претходно одлучила да земе една година пауза од снимањата за да се осигура дека нема да има компликации.

odri-hepbern-po-dva-braka-i-4-spontani-abortusi-ja-pronashla-vistinskata-ljubov-ne-ne-vrzuva-parche-hartija-11.jpg

По раѓањето на синот, во 1965-тата и во 1967-мата година Одри повторно ќе има уште два спонтани абортуси.

Според сведоштвото на нејзиниот син Шон, Одри била особено погодена од вториот спонтан абортус, затоа што знаела дека носи мало девојче и била во шестиот месец од бременоста.

odri-hepbern-po-dva-braka-i-4-spontani-abortusi-ja-pronashla-vistinskata-ljubov-ne-ne-vrzuva-parche-hartija-09.jpgСинот Шон и внуката Ема

Иако, во јавноста Хепберн и Ферер важеле за златната холивудска двојка, зад затворени врати нештата воопшто не биле сјајни. Ферер бил мошне љубоморен и сакал да ја контролира сопругата.

Имало гласини дека и таа и Ферер имаат афери со други луѓе, но сепак актерката не сакала да го прекине бракот, затоа што и таа самата била дете на разведени родители, па не сакала и нејзиниот син да расте во такво семејство.

Прочитајте како Одри ја пронашла вистинската љубов на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg