Одри Хепберн го преживеала периодот на гладување: Интересни факти за легендарните актери
Теориите на заговор, лажните верувања и озборувањата постоеле отсекогаш, само што немало интернет за да станат толку вирални, како што тоа се случува денес.
Ова се неколку популарни факти за некогашните најголеми ѕвезди на Холивуд:
Ширли Темпл била толку талентирано дете-актер што некои се сомневале дека е возрасна жена со џуџест раст, па дури и се истражувала таа теорија.
Еден месец пред да загине, Џејмс Дин снимил реклама со апел до младите луѓе да не возат пребрзо.
Клара Блендик, која глумеше во „Волшебникот од Оз“, страдала од тешка форма на артритис, кој бил толку болен што таа се самоубила поради силните болки на возраст од 85 години.
Актерката Хеди Ламар помогнала да се развие систем за навигација на трупите пред почетокот на Втората светска војна. Оваа технологија послужила како основа за „блутут“, ГПС и „ви-фи“.
Одри Хепберн го преживеала периодот на гладување за време на германската инвазија врз Холандија за време на Втората светска војна, јадејќи коприви, пупки од булки и пиејќи вода, за да ја залаже гладта.
Рита Морено се гледала со Марлон Брандо во текот на осум години, но никогаш не биле во официјална врска. Подоцна таа излегувала со Елвис Присли за да го направи Брандо љубоморен.
Насилното момче на Лана Тарнер било избодено до смрт со нож од нејзината 14-годишна ќерка Шерил Крејн. Злосторството било прогласено за „самоодбрана и праведно убиство“, a Крејн не се соочила со никакви судења и била веднаш ослободена.
Боби Дрискол, според кој е нацртан Петар Пан на Дизни и кој го позајми својот глас, умрел сиромашен и долго време неидентификуван во напуштен апартман во една зграда, на возраст од 31 година.
Кетрин Хепберн била деверуша на свадбата на Вивиен Ли и Лоренс Оливие. Исто така, таа требала да ги превезе младенците до тајното место каде требало да се венчаат, но се изгубиле по патот.
Грета Гарбо била омилена актерка на Адолф Хитлер. Тој често ѝ испраќал писма со покана да го посети во Германија. Од друга страна, таа го мразела Хитлер и често на своите пријатели им велела дека би го убила, ако за тоа ѝ се пружи шанса.
Во 1955 година, Одри Хепберн седела со Марлон Брандо при една свеченост и тој не ѝ вратил ниту збор на нејзините обраќања. Целиот живот го поминала мислејќи дека не му се допаднала воопшто, за 40 години подоцна, кога била во болница, да добие писмо од него дека всушност останал без зборови од нејзината убавина.
Е. Д. | Црнобело