Кратки, инспиративни цитати за кога ви е потребен нов почеток
Луѓето често заглавуваат во живот каков што не сакаат, некогаш поради сплет на околности, некогаш поради тоа што се држат цврсто за работите кои веќе не функционираат.
Ако ви треба мал поттик да направите чекор нанапред, побарајте го во неколку инспиративни цитати:
„Постои време за да заминеш, дури и кога не постои место каде би одел“ - Тенеси Вилијамс
„Животот е како возење велосипед – за да одржите рамнотежа мора постојано да се движите“ - Алберт Ајнштајн
„За да опстанете не ви треба способност за паметење, напротив, ви треба способност да заборавите“ - Шолом Аш
„Ако поминувате низ пекол, продолжете да се движите“ - Винстон Черчил
„Животот можеме да го разбереме единствено наназад, но мора да се живее нанапред“ - Серен Кјеркегор
„Секој кој ја ограничува својата визија на сеќавања од минатото, е веќе мртов човек“ - Лили Ленгтри
„Приспособувањето е болен процес, но порано или подоцна мораме да го направиме“ - Артур Кристофер Бенсон
„Она што го нарекуваме почеток, често е и крај. А, и да завршиш нешто – значи да започнеш од почеток“ - Јохан Волфганг фон Гете
„Изворот на најголемата тага во сегашноста е гледањето на радоста од минатото“ - Калил Џибран
М. Д. | Црнобело