Некои ѕвезди добиваат до 250.000 долари за да носат нечија креација – забавни факти за модата на црвениот тепих

Накитот за важни настани се носи во САД од цел свет со големо обезбедување, славните некогаш носат долна облека која се лепи на телото, па имаат и пријател кој им помага да одат во тоалет, а најчесто облеката која ја носат ѕвездите е позајмена и ја враќаат – факти за модата на црвениот тепих на важни настани.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-01.jpg

Важните настани од светот на шоу-бизнисот, како Греми наградите, Оскарите и Мет галата, со текот на времето се претворија и во модни ревии.

Овие настани се одлична реклама за најголемите имиња од модната индустрија, кои неретко се подготвени да платат и огромни суми само за некоја ѕвезда да прошета на црвениот тепих со нивна креација.

Во продолжение неколку забавни факти за модата на црвениот тепих:

Неретко облеката што ја носат ѕвездите е само позајмена и по настанот треба да им ја вратат на дизајнерите.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-02.JPG

Постои хиерархија кога славните одбираат која креација ќе ја носат. Односно, кога станува збор за награди, оние што имаат номинација можат да избираат први. По нив обично следат водителите, па сите останати ѕвезди кои ќе присуствуваат на доделувањето.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-03.JPG

Најчесто ѕвездите одбираат да носат креации од дизајнери со кои имаат добар однос или со кои имаат соработувано и претходно. Токму поради ова, стилистите на славните ги контактираат дизајнерите неколку недели пред да се најават номинациите за да обезбедат креација за нивните клиенти.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-04.JPG

И дизајнерите одбираат на кого ќе ја позајмат нивната креација. Всушност, најголемите модни брендови имаат листа со познати личности кои се обидуваат да ги облечат за секој настан, а сите останати им се во втор план.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-05.JPG

Некогаш стилистите соработуваат со дизајнерите ако сакаат нивниот клиент (познатата личност) да носи накит, чевли или што било направено специјално за него.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-06.JPG

Некогаш дизајнерите ја поклонуваат креацијата на познатата личност што ја носела, но ова е вистинска реткост. Наводно, ова најчесто се случува кога креацијата е специјално дизајнирана за таа позната личност.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-07.JPG

Важен дел од комбинациите на познатите е и накитот. Па, пред важните настани, во САД се носи вреден накит од целиот свет, и тоа со огромно обезбедување. Неретко и златарите што им го позајмуваат накитот на ѕвездите си организираат обезбедување.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-08.JPG

Ако станува збор за многу позната личност, дизајнерите се подготвени да платат и до 250.000 долари за таа да ја носи нивната креација. За дизајнерите, ова е еден вид маркетинг, а знаат да им платат и на стилистите што ги поврзале со ѕвездата.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-09.JPG

Од 1920 до 1950 година, односно почетоците на Оскарите, познатите личности сами си ја купувале облеката што ја носеле на црвениот тепих.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-10.JPG

Ако славната личност направи договор со некој дизајнер, не мора секојпат да носи негова креација, но очекувано е да одбере негова креација кога ќе оди на Оскарите. На пример, Џенифер Лоренс беше заштитно лице на Dior во 2016 година и на церемонијата носеше нивна креација. Сепак, за забавата по церемонијата облече креација од друг дизајнер.

nekoi-dzvezdi-dobivaat-do-250-000-dolari-za-da-nosat-nechija-kreacija-zabavni-fakti-za-modata-na-crveniot-tepih-11.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg