Интересни факти за очите
По повод светската недела на здрави очи, ви претставуваме неколку факти за очите кои можеби не сте ги знаеле. Време е да се запознаеме повеќе со нашето тело:
1. Очите се развиваат 2 недели по зачнувањето.
2. Приближната тежина на очните јаболчници е 28 грама
3. Човековото око е составено од повеќе од 2 милиони делови кои работат заедно.
4. Само 1/6 од окото е видлива.
5. Окото никогаш не спие, постојано работи.
6. Очите можат да обработат 36.000 битови информации на час.
7. Мускулите кои управуваат со очите се најсилни во целото тело.
8. Со здрави очи можете да ја видите светлината на оддалеченост од 22.5 километри.
9. Вашето око може да препознае повеќе од 10 милиони различни бои т.е. нијанси на сива боја.
10. Просечен човек трепка со очите 12 пати во минута, што е од прилика 10.000 трепкања на ден. Жените трепкаат повеќе од мажите.
11. Очната хирургија била едно од најнапредните подрачја во медицината во античко време. Детален опис за деликатната операција на катаракта со софистицирана игла се наоѓа во медицинските записи на Целзус (година 14-37)
За да ги сочувате очите хранете се со риба, зеленчук, овошје и јајца, и задолжително заштитете ги од Сонцето со квалитетни очила за сонце.