„Искреноста и лојалноста не треба да се очекуваат од евтини луѓе“ – Најдобрите цитати на Џорџ Бернард Шо

Познатиот ирски писател, сценарист и критичар, Џорџ Бернард Шо, имал 94 години кога го напуштил овој свет. Во 1925 година кога му била доделена Нобеловата награда за книжевност, Шо изјавил дека тоа веројатно се случило во „знак на благодарност, затоа што таа година не објавил ништо“.

Najdobrite-citati-na-Dzordz-Bernard-Sho-01.jpg

Тој воедно ја одбил паричната награда која му следувала, а потоа започнал да добива писма и коментари од луѓето што го советувале да ја земе наградата и да им ги подели парите на луѓето на коишто им се потребни. 

Шо саркастично одговорил: „На Алфред Нобел сè уште може да му се прости што измисли динамит. Но, само непријател на човечката раса може да ја измисли Нобеловата награда“.

По смртта на неговата сопруга Шарлот, писателот не бил тажен вдовец, објаснувајќи го тоа на следниот начин: „По четириесет години љубов и лојалност, слободата може да се покаже како добро нешто“.

Бернард Шо бил вегетаријанец. На 70-годишна возраст на прашањето „Како се чувствуваш?“, тој одговорил: „Одлично, само ми пречат лекарите кои тврдат дека ќе умрам ако не јадам месо“.

Кога наполнил 90 години, тој одговорил на истото прашање: „Се чувствувам одлично, никој повеќе не ми пречи: оние лекари кои ме исплашија со зборовите дека не може да се живее без месо, одамна починаа“.

Јасно е дека станува збор за неверојатна личност, а неговите цитати го докажуваат токму тоа:

Запомнете пријатели: сè што можете да купите со пари е евтино!

Можеби ти си во право, но што вреди тоа кога твојата жена плаче?

Соништата им се остваруваат само на оптимистите. Песимистите имаат кошмари.

Прашањето „што ќе мислат луѓето?“ треба да ви биде на последното место. Всушност, никој не се грижи што мислат луѓето. Тоа е твој живот.

Не брзајте да му помогнете на некој што не ве замолил за помош. Не советувајте никого што не ве прашал за совет. Ценете се себеси, вашиот збор, вашите мисли.

Сега, кога научивме да летаме низ воздухот како птици, да пливаме под вода како риби, ни недостасува само едно: да научиме да живееме на земјата како луѓе.

Искреноста и лојалноста се скапи подароци што не треба да се очекуваат од евтини луѓе.

Сакајте ги мажите. Ним навистина им е потребна љубов. Зад секој успешен човек стои жена која верувала во него и навистина го сакала.

Луѓето се најмногу заинтересирани за работи што воопшто не ги засегаат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg