„Прави што сакаш и не барај дозвола, нема да ја добиеш“ - Кратки лекции кои се паметат цел живот

Михаил Литвак е еден од најценетите руски психолози во светот, а неговите цитати се раскажуваат како најмоќните животни лекции.

FotoJet (5) (1).jpg

Одвојуваме дел од нив, кои се лекции за цел живот:

Ако човекот не може да каже ништо добро за себе, а сака нешто да каже – почнува да зборува лошо за другите.

Гризи ја науката, а не грлото на својот близок, ако веќе нешто сакаш да загризеш.

Депресивната состојба му е дадена на човекот за да размисли за себе.

Никој никого не отфрлува, само некој оди напред. Оној кој е застанат во место, смета дека е отфрлен.

Прави што сакаш и не прашувај за дозвола. Нема да ја добиеш.

Јас не го знам патот до успехот, но го знам до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите.

Нема машка и женска логика. Постои способност или неспособност за мудро размислување.

Сакаш да го откриеш најголемиот непријател? Погледни се во огледало. Избори се со него и останатите ќе се разбегаат.

Постигни успех – навредите ќе поминат.

Со пријателите е пријатно да разговараш. Со непријателите е корисно.

Постои само една валидна причина зошто да прекинете некоја врска или работен однор – неможност за личен раст во дадените околности.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg