„Зошто мажите немаат поим, а жените никогаш немаат доволно чевли“- цитати од истоимениот бестселер во кои ќе се пронајдете
Зошто мажите лажат? Зошто мислат дека секогаш треба да имаат право? Зошто ги избегнуваат обврските? Од друга страна зошто жените плачат за да биде по нивно? Зошто инсистираат за нешто да дискутираат од утро до утро? Зошто почесто први не започнуваат секс?
Горенаведените прашања се всушност само дел од воведот на извонредниот бестселер на брачните партнери Алан и Барбара Пиз насловен: „Зошто мажите немаат поим, а жените никогаш немаат доволно чевли“.
Алан Пиз и неговата сопруга Барбара напишале вкупно 18 бестселери, а дури 10 од нив биле „број еден“ на листите, и исто така одржале околу стотина семинари во нешто повеќе од 70 земји.
Станува збор за книга чија содржина ја опфаќа дискусијата за суштинските, честопати и комични разлики меѓу двата пола.
Потпирајќи се на најновите научни сознанија, со доза препознатлив хумор, авторите ви помагаат да почнете да ја разбирате другата страна.
Им објаснуваат на жените зошто мажите не сакаат да се врзат, што ги тера да лажат, што бараат кај една жена и како да го дешифрираат машкиот говор.
Од друга страна, мажите дознаваат зошто жените понекогаш се „давежи“, како манипулираат со емоционалната уцена, но и кој е нивниот таен систем за бодување.
Доколку сакате да ги дознаете „тајните“ на меѓусебните односи, оваа книга е вистинскиот избор за вас.
Во продолжение издвоивме 20 цитати од извонредната книга „Зошто мажите немаат поим, а жените никогаш немаат доволно чевли“, во чија универзалност ќе се пронајдат 99.9% од луѓето:
„Жената се грижи за иднината додека не најде маж. Мажот никогаш не се грижи за иднината додека не најде жена“.
„Студиите покажуваат дека оженетите мажи живеат подолго од неоженетите. Некои мажи велат дека тоа само изгледа подолго“.
„Кога таа сака тој да сфати како се чувствува таа, тој мисли дека бара тој да го реши нејзиниот проблем“.
„Жената најчесто сака да ја ислушате, не да ѝ попувате“.
„Во рајот секој маж има три далечински управувачи, а капаците на клозетските шолји секогаш се дигнати“.
„Кога мажите одат во тоалет, никогаш со себе не водат група за поддршка“.
„Ако мажот седи со пријателот и молчи, тоа не значи дека се скарале, тој просто зјапа во огнот“.
„Советот добиен од жената, мажот го доживува како констатација дека греши и како израз на недоверба“.
„Викањето на водоинсталатор без претходно консултирање со главата на семејството може да биде сфатено како голема навреда“.
„Ако жената му удри шлаканица на мажот на јавно место, сите претпоставуваат дека е виновен“.
„Единствената разлика меѓу мажите и жените е цената во нивните играчки“.
„Мажот може да го обземат емоции додека гледа некој спортски настан, но во сентименталната врска тоа се чувствува поретко“.
„Машкиот мозок се стреми кон наоѓање на решенија. Женскиот мозок ги обработува проблемите“.
„Жените со молчењето ги казнуваат мажите. На мажите им се допаѓа кога жените молчат“.
„Зошто мажите тешко стапуваат во контакт со погледот? Затоа што женските гради немаат очи“.
„Сексуалната привлечност е 50% тоа што го имате и 50% тоа што другите мислат дека го имате“.
„За едни тоа е ќелава глава. За други тоа е соларна плоча за секс-машина.“
„Кога мажот ќе види гола жена, останува без текст. Кога жената ќе види гол маж, најчесто прснува да се смее“.
„Ниеден моден кикс што може да го направи жената никогаш нема да може да се мери со машките гаќи за капење „спидо““.
„Жената ќе излаже за да се почувствувате вие добро. Мажот лаже за да се чувствува добро самиот“.
Мила М. | Црнобело / фото: depositphotos.com