Египетските робови работеле до смрт, фараоните ејакулирале во Нил – најинтригирачките тајни од ерата на античкиот Египет

Египетскиот владетел Пепи Втори бил ужасна личност – ги терал неговите робови да си го мачкаат телото со мед, така што инсектите ќе го избегнуваат него, но ќе ги измачуваат кутрите робови.

Egipetskite-rabotnici-rabotele-do-smrt-faraonite-ejakulirale-vo-rekata-Nil-najintrigirachkite-tajni-od-erata-na-antichkiot-Egipet 01 630x330.jpg

Египет претставува дом на една од најстарите цивилизации на светот, чудесна земја за која навистина има што да се зборува.

Колку повеќе учиме за античкиот Египет, тој станува сѐ пофасцинантен.

Од мумии и раскошни гробници - до возбудливи љубовни приказни помеѓу владетелите, како на пример Клеопатра и Цезар, застрашувачките тајни на древниот Египет и тоа како умеат да бидат интригирачки.

Во продолжение за вас ги издвојуваме најинтересните и дел од највознемирувачките факти за мистериозниот, (не)откриен свет на античкиот Египет:

6-годишен монструозен принц

Кога станал крал на Египет, принцот Пепи Втори имал само шест години, а неговото однесување било навистина зачудувачко.

Според некои, Пепи владеел 64 години, но има и експерти кои тврдат дека неговото владеење траело дури 94 години. Голема е веројатноста неговото долго владеење да било и причина за забрзаниот пад на Старото Кралство во древен Египет.

Се верува и дека Пепи Втори бил ужасен човек. Наводно, бидејќи не можел да ги поднесе мувите и инсектите, тој ги терал неговите робови да си го намачкаат телото со мед. На овој начин, инсектите го избегнувале Пепи, но ги измачувале кутрите робови.

Egipetskite-rabotnici-rabotele-do-smrt-faraonite-ejakulirale-vo-rekata-Nil-najintrigirachkite-tajni-od-erata-na-antichkiot-Egipet 02 630x400.jpg

Фараоните поседувале двојна улога

Во основа, фараоните имале две улоги. Од една страна, тие биле нарекувани „господари на двете земји“, што значи дека владееле со античкиот Египет и се залагале околу политичките работи како: собирањето даноци, донесувањето на законите и започнувањето на војните.

Дополнително, тие се сметале за „богови на Земјата“ и биле свештеници, што значи дека граделе храмови и извршувале верски церемонии.

Egipetskite-rabotnici-rabotele-do-smrt-faraonite-ejakulirale-vo-rekata-Nil-najintrigirachkite-tajni-od-erata-na-antichkiot-Egipet 03 630x400.jpg

Долгата, густа брада – „лажна“ одлика на фараоните

Повеќето статуи ги прикажуваат фараоните со долги и густи бради, но сепак, тие не изгледале така.

„Чистотата пред сѐ“ – било мотото на античките Египќани. За нив, тоа значело негување на лицето, така што брадата не била препорачлива.

Додека повеќето мажи во Египет немале никаква брада, фараоните носеле лажна брада, често направена од метал. Со овој украс ја покажувале нивната поврзаност со боговите.

Инспирацијата ја добиле од египетскиот бог Озирис кој честопати бил претставуван со брада.

Egipetskite-rabotnici-rabotele-do-smrt-faraonite-ejakulirale-vo-rekata-Nil-najintrigirachkite-tajni-od-erata-na-antichkiot-Egipet 04 630x400.jpg

Бескрупулозното владеење на фараонот Акенатен

Акенатен бил египетски владетел кој во основа бил најлошиот можен фараон.

За да го изгради својот нов град во чест на богот Амарна, тој користел робови од кои многумина веројатно работеле до смрт.

Коските пронајдени на градските гробишта сугерирале дека повеќе од две третини од мажите скршиле барем една коска додека работеле.

На поновите ископувања од пред некоја година се откриени и коски на деца, што значи дека Акенатен можеби користел и деца робови во изградбата на Амарна.

Egipetskite-rabotnici-rabotele-do-smrt-faraonite-ejakulirale-vo-rekata-Nil-najintrigirachkite-tajni-od-erata-na-antichkiot-Egipet 05 630x400.jpg

Подготовки за луксузен задгробен живот

За време на периодот на Новото Кралство во Египет, Египќаните ја изградиле Долината на кралевите, серија гробници за нивните фараони на западниот брег на Нил.

Египќаните кои верувале во задгробниот живот се погрижиле нивните фараони да бидат добро подготвени.

Гробовите ги снабдувале со облека, мебел, накит, доволно храна и пијалак за забави по кралскиот живот, па дури во гробниците биле пронајдени коски од нивните омилени животински миленичиња.

Egipetskite-rabotnici-rabotele-do-smrt-faraonite-ejakulirale-vo-rekata-Nil-najintrigirachkite-tajni-od-erata-na-antichkiot-Egipet 06 630x400.jpg

„Светото семе“ во реката Нил

Антички Египет - времето на фараоните и „раѓањето“ на пирамидите - е навистина неверојатна цивилизација. Еден од најневеројатните факти за оваа дамнешна цивилизација е следниот: фараоните редовно ејакулирале во реката Нил.

Бидејќи фараоните биле гледани како богови, се верувало дека нивното „свето семе“ ќе им донесе богата жетва, ќе го спречи сушењето на Нил, ќе го штити народот од болести...

Egipetskite-rabotnici-rabotele-do-smrt-faraonite-ejakulirale-vo-rekata-Nil-najintrigirachkite-tajni-od-erata-na-antichkiot-Egipet 08 630x400.jpg

Умешниот план на Клеопатра

Клеопатра навистина умеела разумно да ја искористи нејзината женственост за да го добие она што го посакувала. За да го натера Цезар да соработува со неа, таа смислила генијален план.

Египетската кралица наводно се соблекла гола, се завиткала во тепих и му се предала на Цезар како подарок. Преку овој чин парот започнал афера и станал еден од најмоќните во светот.

Egipetskite-rabotnici-rabotele-do-smrt-faraonite-ejakulirale-vo-rekata-Nil-najintrigirachkite-tajni-od-erata-na-antichkiot-Egipet 09 630x400.jpg

„Мрачната“ тајна на Цезар и Клеопатра

Како што наведовме, Цезар и Клеопатра се едни од најпознатите парови во историјата, но малку луѓе ја знаат нивната „мрачна“ тајна.

Имено, при склопувањето на нивниот љубовен пакт, Цезар имал 52 години, а Клеопатра само 21 година.

Egipetskite-rabotnici-rabotele-do-smrt-faraonite-ejakulirale-vo-rekata-Nil-najintrigirachkite-tajni-od-erata-na-antichkiot-Egipet 10 630x400.jpg

Самоубиството на Клеопатра

Според извори од античкиот свет, вклучително и разни римски историчари и поети, Клеопатра извршила самоубиство. Најпрочуената приказна е дека таа предизвикала да ја гризне египетска кобра.

Клеопатра починала во Александрија, на 39-годишна возраст. Сепак, постојат многу верзии, односно приказни за причината на нејзината смрт.

Други историчари тврдат дека таа веројатно проголтала отров, или пак се прободела со игла, потопена во змиски отров.

Egipetskite-rabotnici-rabotele-do-smrt-faraonite-ejakulirale-vo-rekata-Nil-najintrigirachkite-tajni-od-erata-na-antichkiot-Egipet 11 630x400.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg