„Жени, знајте ја вашата вредност!“ – цитати кои ја распламeнуваат меѓусебната поддршка на жените ширум светот

Дваесет и првиот век посекако го обележува претендирањето на силните и независни жени, жени кои цврсто веруваат во своите идеали и умеат да го истакнат своето „јас“.

zheni-znajte-ja-vashata-vrednost-citati-koi-ja-rasplamenuvaat-megjusebnata-poddrshka-na-zhenite-shirum-svetot-01.jpg

Иако бројката на еманципирани жени во прогресивните општества секојдневно се зголемува, сепак, за жал низ светот сè уште постојат илјадници од нив кои секојдневно се потиснати и измачувани од „морално“ поставените нормативи.

Родовата дискриминација постои на сите нивоа. На работното место, каде што половите нееднаквости се туркаат под тепих, така што жените честопати се предмет на сексуално објективизирање, вознемирување и малтретирање.

Помогнете им на жените да се борат против својата кауза.

Почитувајте ги своите како и сите останати жени, ваши колешки, пријателки, членови на семејството.

Секојдневно инспирирајте ги да го ослободат духот на нивното ослободување.

И најважното од сè: „Жени почитувајте се меѓусебно! Никогаш не сомневајте се во вашата вредност и моќ и знајте дека ја заслужувате секоја шанса и можност во светот, за да ги остварите вашите сопствени соништа“.

Во продолжение, по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, ви издвојуваме цитати кои сликовито ја распламенуваат меѓусебната поддршка на жените ширум светот:

„Феминизмот не постои за да ве направи силни. Вие сте веќе силни. Станува збор за промена на начинот на кој светот ја перцепира таа сила“.

„Жени, животот не се мери според бројот на вдишувања, туку според моментите кои ни го одземаат здивот“.

„Секоја жена која ги разбира проблемите со одржувањето на дом, е чекор близу до разбирањето на проблемите кои ги носи ’водењето на една држава’“.

„Нема ништо посилно од скршена жена која успеала повторно да се издигне себеси“.

„Треба да престанеме да ја сфаќаме важноста на нашиот глас дури откако ќе нè замолчат“.

„Каде што има жена, таму постои и магија“.

„Не постои ограничување на она што ние, како жени, можеме да го постигнеме“.

Zheni-znajte-ja-vashata-vrednost-citati-koi-ja-rasplamenuvaat-megjusebnata-poddrshka-na-zhenite-shirum-svetot 02 630x400.jpg

„Прашањето не е: ‘кој ќе ми дозволи?’, туку: ’кој ќе ме спречи?’“

„Приказната за борбата на жените за еднаквост не треба да припаѓа на ниту една феминистичка, ниту на која било друга организација, туку на колективните напори на сите оние кои се грижат за човековите права“.

„Жената е како вреќичка со чај: Никогаш не знаете колку е силна, сè додека не ја ставите во оган“.

„Бидете хероината на вашиот живот, а не жртва“.

„Најдобрата заштита што секоја жена ја поседува е храброста“.

„Не застанувај. Продолжи да одиш. Следниот пат кога некој ќе те натера да се чувствуваш како губитничка, тивко шепни му: ’Јас сè уште не започнав’“.

„Не дозволувајте општеството да нè програмира, преку навидум суптилните пораки на популарната култура, за да веруваме дека не сме навистина пожелни и вредни како жени, освен ако не се придржуваме до сегашните стандарди за физичка убавина. Секоја жена вреди непроценливо богатство“.

„Убавината е во внатрешната светлина, духовниот сјај кој го поседуваат сите жени. Не дозволувајте ништо да ве натера ниту за момент да го негирате нејзиното постоење.“

Мила М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg