Дневно се испраќаат 400 милиони СМС пораки и уште 8 забавни факти за Филипините
Филипините, или Република Филипини е островска држава во југоисточна Азија, која има околу 100 милиони жители. Ова е држава со богата историја и култура, а тамошните жители ги „бие глас“ дека се едни од најпозитивните и најучтивите луѓе на светот.
Филипините се и популарна туристичка атракција, најмногу поради неверојатните пејзажи, а многумина останале восхитени и од тамошната храна.
Во продолжение можете да дознаете нешто повеќе за оваа необична држава:
На островите се зборуваат речиси 200 јазици
Филипинскиот и англискиот се официјалните јазици на островите, но тамошните жители зборуваат околу 180 други јазици. Повеќето се малајско-полинезиски јазици, а се зборуваат и неколку варијации на шпански, кој извесен период бил и официјален јазик на островите.
Филипините се вториот најголем архипелаг во светот
Бидејќи целата држава е составена од острови, Филипините се вториот најголем архипелаг во светот. Државата ја сочинуваат околу 7.500 острови, од кои населени се само околу 2.000. Поголемиот дел од островите немаат ни име на светската карта.
Кошарката и боксот се најпопуларните спортови
Филипинците се „луди“ по кошарка и бокс, истовремено се и горди на нивните достигнуваа во овие спортови. Еден од најпознатите и најдобрите боксери во светот, Мени Пакјао, потекнува од Филипините, а додека беше поактивен, на Филипините речиси и да немало личност која не го следи преносот од натпреварот.
Овде се наоѓаат некои од најголемите трговски центри во светот
Филипинците се вљубени во трговските центри и на островите се наоѓаат три од најголемите трговски центри во светот.
Најголемиот трговски во државата е SM City North Edsa, кој е деветтиот најголем во светот. Зафаќа површина од 498.000 метри квадратни, а внатре има околу 800 продавници и ресторани.